Добивај вести на Viber
Идната недела, првиот човек на Советот на општина Центар Мирослав Шиповиќ, инаку осомничен за криминал во случајот „Машинопромет“, ќе биде изведен пред истражен судија. Опозициската СДСМ вчера побара тој да се брани од слобода, премиерот Никола Груевски пак денеска не сакаше да го коментира случајот, но повика на фер судење.
Шиповиќ вчера беше екстрадиран од Виена и сместен во затворот во Шутка. Тој пред повеќе од еден месец беше уапсен на виенскиот аеродром, додека се враќаше во Скопје од Њујорк, кога беше и распишана меѓународна потерница од македонската полиција.
Шиповиќ е обвинет за милионски криминал во аферата „Машинопромет"каде е поднесена кривична пријава против 10 членови на надзорниот одбор и раководители во компанијата, како против вработени во УЈП.