18 Декември, 2025
0.0511

ШКОТСКА: Неизвесност на ден пред гласањето!

Објавено во: Свет 17 Септември, 2014 11:13

Добивај вести на Viber

Во Шкотска денеска е последниот ден од кампањата за претстојниот референдум за независност. Утре гласачите ќе треба да се изјаснат дали се за отцепување или за останок во рамките на Велика Британија. И двете страни се обидуваат до последен момент да ги убедат неопределените гласачи да го дадат гласот токму за нивната опција. Британските медиуми јавуваат дека полицијата ќе биде во состојба на зголемена готовност утре и задутре, без разлика на исходот на референдумот. Последните резултати од анкетите покажуваат тесна разлика меѓу оние кои се „за“ и оние кои се „против“ отцепувањето, со блага предност на гласачите кои сепак би сакале Шкотска да остане во Велика Британија. Три анкети денеска, на ден пред изјаснувањето, и даваат блага предност на опцијата „против“ оцепување - против независноста на Шкотска се изјасниле 52%, додека за независност - 48% од анкетираните. Шкотскиот премиер Алекс Салмонд со писмо се обрати до гласачите за последен пат пред изјаснувањето и ги повика „Ајде да го направиме тоа“. „Да се разбудиме в петок наутро во подобра земја. Пробудете се со сознание дека вие тоа го направивте. Не дозволувајте оваа шанса да ни се лизне низ прстите“, пишува Салмонд, кој е поддржувач на идејата за отцепување. Лидерот на кампањата „Подобро е заедно“ Алистер Дарлинг кампањата ќе ја заврши со митинг под мотото „Сакај ја Шкотска - гласај НЕ“. Околу 4,3 милиони луѓе во Шкотска се очекува да гласаат утре на референдумот кој треба да ја определи иднината на земјата.

Можеби ќе ве интересира

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Претставник на српска компанија за оружје починал под сомнителни околности во Москва

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

Европска земја ќе произведува десетици илјади дронови годишно за Украина

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил

(ВИДЕО) Силен ветер урна позната статуа во Бразил