29 Септември, 2024
0.0292

Шкријељ: Граѓаните да бидат спокојни, социјалните трансфери нема да бидат загрозени од политиката

Објавено во: Македонија 30 Јануари, 2020

Добивај вести на Viber

Исплатата на социјалната помош како и другите социјални трансфери ќе се одвива редовно. Граѓаните треба да бидат спокојни, како и во изминатиот две и пол годишен период, и овој и наредните месеци ќе ја добиваат регуларно својата месечна помош. Ваква порака упати дополнителната заменик министерка за труд и социјална политика Санела Шкријељ во емисијата „Економски магазин“ на „Алсат-М“ телевизија.

Министерството за финансии пренесе за медиумите дел од разговорот во емисијата. 

„Граѓаните  не треба да се плашат. Овие позиции на техничка и дополнителна  заменска министерка постојат заради организација на избори за пратеници во Собрание и за да осигураме дека сите тековни процеси и сё она што значи испорака на услуги и права кон граѓаните, ќе се одвива непречено и не смее да запре. Јас и мојот тим ќе работиме на тоа, и сакам да го упатам како јасна порака до сите граѓани да не се грижат: се она што значи испорака на трансфери и права кон нив, ќе си оди според редовниот календар за исплата на министерството“, нагласи Шкријељ.

Ако се навратиме две и пол години наназад, социјалните трансфери беа исплаќани со два месеци задоцнување, објасни Шкријељ, додавајќи дека оваа Влада и Министерството за труд и социјална политика тоа го коригираа.

„Овој месец исплатата беше на 3 јануари за декемвриските трансфери. Според календарот, исплатата треба да се случи на 7 февруари, најдоцна. Од моја страна, заедно со центрите за социјална работа, работиме на тоа да се испорачаат овие права согласно месечниот календар и токму затоа цело време повикуваме на конструктивност и соработка, во интерес на граѓаните, за да се случи исплатата“, рече Шкријељ.

Според дополнителната заменик министерка Шкријељ, и покрај несогласувањата меѓу неа и техничката министерка поставена од опозицијата, приоритет е интересот на граѓаните и воопшто не се размислува за можност заради некакви други калкулации, да се случи одложување на исплатата на трансферите. Застој во исплата на права и испорака на услуги не смее да има.

Можеби ќе ве интересира

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ВРЕДИ: АЛБАНЦИТЕ ГИ ПАМЕТАТ ЦРНИЛАТА НА ДУИ - одговорни се за иселувањето на над 250 илјади Албанци

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ТИНЕЈЏЕР СИЛУВАЛ МАЛОЛЕТНИЧКА (14) - девојчето било пријавено за исчезнато

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

ЗАМЕНИК МИНИСТЕРОТ ЗА НАДВОРЕШНИ „СЕ ФАТИ ЗА РАБОТА“ - на терен со доброволците кои градат во Велес

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

МАЛОЛЕТНИЦИ ИСТЕПАНИ НА ЕКСКУРЗИЈА ВО САРАЈ - напаѓачите им се заканувале и на учителките

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Со издвојувањето на Албанија од Македонија всушност поттикнува меѓуетнички тензии и можен конфликт“: Најчевска со сериозни забелешки

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

„Родилката е примена завчера, со прснат водењак“: директорот на болницата во Куманово вели истрагата ќе покаже што се случи

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

РОДИЛКА ПОЧИНА ВО КУМАНОВО: нова трагедија во македонските болници

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

ТРИ РЕСТОРАНИ И МЕСАРНИЦА ОД КАВАДАРЦИ ДОБИЈА ВИСОКИ ПАРИЧНИ КАЗНИ - продавале небезбедна храна

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“

„ИМА ПРОВОКАЦИИ КОН ПРЕМИЕРОТ И КОН МЕНЕ“: Муцнски за односите со Бугарија вели „нема да навлезам во политичката кампања“