Шојбле и нудел 50 милијарди евра на Грција да ја напушти еврозоната
Објавено во: Балкан 20 Јули, 2015 11:35
Германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле бил подготвен да и „даде на Грција 50 милијарди евра“, ако Атина се согласи да ја напушти еврозоната. Ова го изјави висок извор, кој неодамна разговарал со Шојбле, цитиран од „EurActiv“.
Германскиот министер е опишан од изворот како „вистински Европеец“, кој нема ништо против Грција, но ја поддржува силно со добра причина.
Шојбле помислуваше дека левото крило во грчка влада ќе го поддржи излезот од еврозоната и тој бил подготвен да обезбеди пари за да ги охрабри да се преземе тој чекор.
Според француските медиуми „Mediapart“ Шојбле прашал колку сака Грција за да ја напушти еврозоната. Тој го кажал тоа пред референдумот на 5 јули, во кој повеќето Грци ги отфрлија предлозите на меѓународните кредитори.
Но, според информациите на „Heard in Europe“ Шојбле имал во предвид одредена сума, ако „СИРИЗА“ побара излегување на Грција од еврозоната. Станува збор за 50 милијарди евра.
Министерот за финансии на Германија не открил од каде ќе дојдат парите. Дел од таков пакет може да вклучува 35 милијарди евра од парите на ЕУ за Грција до 2020 година и приходите на Европската централна банка и од грчките државни обврзници.
Во такво сценарио кредиторите ќе изгубат повеќе од 300 милијарди евра, но 50-те милијарди евра ќе и помогнат на „СИРИЗА“ да изгради нов финансиски систем во земјата.
Минатата недела било јасно дека Шојбле и предлагал на Грција да ја напушти монетарната унија за период од пет години. Идејата беше одбиена на вонредната средба на еврозоната пред 8 дена, но се чини дека Европската комисија подготвува постапка при напуштање на ЕУ од земја членка. Постапката ќе биде слична на преговорите за пристапување кон Унијата, истакнува „Heard in Europe“.
Според оваа логика Грција или Велика Британија, или друга страна ќе добиваат поддршка од ЕУ, ако ја напуштат Унијата по утврдениот начин.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




