Шојбле: Ќе биде катастрофа ако Британија ја напушти ЕУ
Објавено во: Свет 09 Март, 2013 10:43
„Излегувањето на Велика Британија од Европската унија ќе биде катастрофа и покрај несогласувањата за највисокото ниво на бонуси за банкарите“, изјави германскиот министер за финансии Волфганг Шојбле.
Велика Британија не поддржува правила на ЕУ за највисоко ниво на бонуси што може да биде закана за водечката улога на Лондон како финансиски центар, јавуваат западни медиуми.
„Би претпочитал Британците да прифатат бидејќи не би сакал во крајна сметка, да излезат од ЕУ. Политиката на Германија е да не бидат поддржани гласови кои ја гледаат ЕУ без Обединетото кралство“, изјави Шојбле за Стандарт.
„Нека тогаш се обидеме да објасниме на некои Индонезиец – Европа е неверојано силна и динамична заедница, но не е во состојба да задржи свој член како Велика Британија. Таква загуба би била катастрофа“, додаде германскиот министер. Тој предупреди дека правилата за бонусите за банкарите нема да бидат олеснети при никакви услови.
Можеби ќе ве интересира
Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја
Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт
ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?
„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците
БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ
ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака
Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација
Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина
Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела




