05 Декември, 2025
0.0810

Шок во Калифорнија, цената на горивата на рекордно ниво

Објавено во: Економија 10 Октомври, 2012 20:16

Добивај вести на Viber

Дерек Трејси е навикнат на многу работи, но скокот на цената на бензините во последната недела го  изненадува и него. „Секое лето сме сведоци на се повисоки цени, но вакво нешто никогаш не се случило ", вели претприемачот од Сан Франциско, а цитиран од германскиот економски дневен весник Ханделсбат. Трејси вози службен пикап од марката Шевролет, но сега сака да го смени со поекономичен модел. „Тогаш би можел да поминам и до 20 милји со еден галон" се надева тој.  Ако сега ја „стисне“ колата посилно,  со галон ќе мине едвај 15 милји. Жителите на Калифорнија се загрижени од цените на кои достигнаа рекордно ниво. Според пресметките на најголемиот американски клуб за автомобилизам просечната цена на горивата во државата во неделата достигна 4,66 долари за галон (3,79 литри)  што е рекорд на сите времиња. Одделни бензиски пумпи во Лос Анџелес и Сан Франциско продаваат дури и до 5,90 долари за галон. Ланецот  „Costco“ привремено затвори неколку големи бензински пумпи, бидејќи тие не сакаат да купуваат бензин по рекордно високи цени. По падот на производството во две големи рафинерии ситуацијата се влоши до тој степен што нафтените компании „Exxon Mobil“ и „Valeo“  го намалија снабдувањето со енергија на своите клиенти и ја запреа продажбата. Тоа беше удар, особено за независните мали бензински пумпи. Без брза реакција на состојбите, аналитичарите очекуваат негативни ефекти врз почетокот на празничниот шопинг за Божиќ. Тие стравуваат дека повисоките трошоци за бензин ќе бидат компензирани во другите области. Прекин на електричната енергија во рафинеријата на „Exxon“ минатата недела доведе до намалување на производството во текот на неколку дена. Пожарот  во Ричмонд на една од најголемите рафинерии во земјата работи на намален капацитет, а гасоводот од јужниот до северниот дел на Калифорнија беше затворен поради технички проблеми. Дел од експертите очекуваат подобрување на ситуацијата, откако рафинериите повторно ќе проработат на полн капацитет . Други аналитичари се помалку оптимистични и веруваат дека цената на бензинот ќе експлодира. Според  Крис Фокнер, енергетски експерт во„ Breitling Oil and Gas“, ако во наредните три дена нема некакво подобрување во ситуацијата, цената може да ја мине границата од шест долари за галон. Тоа ќе биде лоша вест за сите во Калифорнија.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

ДОЦНА НАВЕЧЕР СЕ ПОТПИШУВАА РЕШЕНИЈА: Субвенции за набавка на клима уреди во Скопје

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

КУПИЛ ДВЕ НАПУШТЕНИ ШТИПСКИ СЕЛА: Косовски бизнисмен бара од Владата да ја гради најголемата фотоцентрала

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

АЛЕКСАНДАР МАНЕВ ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „Кадарот го создава духот на компанијата“

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Венецуела го зголеми дневниот извоз на нафта во ноември

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Oва се земји каде трошоците растат, а квалитетот на живот е загрозен

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Хрватска е поскапа од Тоскана и Прованса, туристите се шокирани од цените

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Димитриеска-Кочоска: Нема задолжување надвор од предвидените за годинава

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Путин ја затвора вратата за Г8: Престанав да одам

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања

Германија ја зголемува минималната плата од 1 јануари, компаниите најавуваат зголемување на цените и отпуштања