18 Декември, 2025
0.2292

ШОК ЗА СИТЕ СОПСТВЕНИЦИ НА АВТОМОБИЛИ: Од 7 јули новите возила ќе мора да имаат ваков уред во возилото - ќе снима се и не може да се отстрани

Објавено во: Свет 02 Јули, 2024 08:00

Добивај вести на Viber

Овој уред порано беше единствениот начин да се открие што навистина се случува во пилотската кабина. Сега, по примерот на авионите, се планира да се постават „црни кутии“ во сите понови возила на територијата на Европската Унија, почнувајќи од 7 јули тековната година.

Како функционира „црната кутија“ во автомобилите

„Црна кутија“, односно „Снимач на податоци за настани“ (EDR) е електронски уред кој е поврзан со возилото со голем број сензорски единици, благодарение на што сите податоци за возилото, стилот на возење, се евидентираат.

Сензорите се исклучително чувствителни и можат да „предвидат“ сообраќајна несреќа и да сигнализираат претстоен судир со друго возило или пречка на патот. Снимките кои овој уред ги регистрира се многу кратки: 5 секунди пред и 300 милисекунди по несреќата, пренесува британскиот портал Motor1. Затоа, тие можат да бидат клучен доказ во случај на несреќа на патот.

Врз основа на Регулативата на Европскиот парламент и Советот, EDR уредот ќе биде инсталиран во сите нови патнички и лесни комерцијални возила (до 3,5 тони), почнувајќи од 7 јули 2024 година. Според мислењето на експертите за безбедност во сообраќајот, оваа мерка може значително да придонесе за намалување на бројот на сообраќајни незгоди на патиштата. Зачуваните податоци ќе бидат достапни за сопственикот на возилото, а пристап до нив ќе биде овозможен само по наредба на судија или обвинител доколку се случи несреќа.

„Црната кутија“ ќе биде дел од основната опрема на новите возила, а она што е особено интересно е што нема да има начин да се деактивира, бидејќи ќе се состои од цел електронски систем кој ќе биде вмрежен со остатокот од возилото.  Најголемиот недостаток на овој уред е што практично ќе биде невозможно да се вгради кај постарите автомобили, што значи дека дел од возилата на патиштата и понатаму ќе бидат без оваа форма на следење.

Србија Данас

Можеби ќе ве интересира

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

ЕУ МОРА ДА ГИ ИПОЛНИ ОЧЕКУВАЊАТА ШТО ГИ СОЗДАВА: Кошта со јасна порака

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Путин: Европските свињи веднаш се приклучија на работата на претходната американска администрација

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Русија остави простор за разговори за странски сили во Украина

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Трамп нареди „целосна блокада“ на санкционираните танкери за нафта што доаѓаат и заминуваат од Венецуела

Лавров: Америка ни вети украинска територија

Лавров: Америка ни вети украинска територија