14 Мај, 2024
0.0250

Шпанија излезе од рецесија, но не и од кризата

Објавено во: Свет 17 Септември, 2013

Добивај вести на Viber

Како резултат на излезот од двегодишната рецесија, Шпанија наскоро ќе ја зголеми прогнозата за економскиот раст и вработеноста, изјави шпанскиот министер за економија, Луис де Гиндос. „Ќе ја зголемиме прогнозата на вработеноста за тековната година на 27 септември и внимателно ќе ја подобриме прогнозата која се однесува на економскиот раст и невработеноста во 2014 година“, изјави министерот на прес-конференцијата за новинарите. Владата во претходната прогноза наведе дека очекува, економијата оваа година да потоне за 1,3 проценти, пред да се врати на патот на раст од 0,5 проценти во 2014 година. Економијата во 2012 потона за 1,6 проценти. „Зајакнувањето на извозот и забавувањето на падот на домашната потрошувачка не наведоа да веруваме дека шпанската економија излегува од рецесија, но тоа не значи дека излегла од кризата“, наведе Гиндос. Се предвидува дека невработеноста ќе изнесува 27,1 проценти во оваа година и 26,7 проценти во наредната година. Стапката во вториот квартал падна на 26,2 проценти, благодарение на зголемената вработеност во текот на летната сезона.  

Можеби ќе ве интересира

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

(ВИДЕО) ИМА УАПСЕНИ: Израелски демонстранти ja расфрлаа помошта за Палестинците

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

ДРЖАВА ВО САД СИ ГО СМЕНИ ЗНАМЕТО: Која е причината?

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

УКРАИНА УАПСИ РУСИ: Планирале серија терористички напади во Киев

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

НОВИОТ РУСКИ МИНИСТЕР ЗА ОДБРАНА: Имаме хаос, војниците кои се враќаат ги праќаат во преполни болници

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

Украина призна тактички успех на Русија во регионот Харков

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

ГЕРМАНЦИТЕ НЕ ПЛАЌААТ ПРЕКУВРЕМЕНА РАБОТА: Сериозно го стегнаа ќесето, а сето тоа треба да го трпат вработените!

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

Кој е Андреј Белоусов кого Путин го предложи за нов министер за одбрана?

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

ОВОЈ ЧОВЕК Е БАНКАРСКА ИНСТИТУЦИЈА: Шеф е на најголемата банка во светот, чувар на глобалната економија и го смета биткоинот за измама

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи

РАЗМИСЛУВАТЕ ЗА СЕЛИДБА ВО АМЕРИКА? Ова се цените на куќите во 30 поголеми градови - Њујорк и Лос Анџелес не се најскапи