Добивај вести на Viber
Шпанија ќе се ослободи од рецесијата до крајот на 2014 година, а во 2015 ќе забележи и економски раст, покажуваат последните податоци од истражувањето на Bloomberg.
Поводите за оптимизам се предизвикани од ублажување на мерките за штедење наметнати на земјата од Европската унија.
Уште во првиот квартал на 2014 година ќе се почувствуваат позитивните трендови во шпанската економија, а во текот на 2014 ќе се забележи раст од 0,5 проценти ,предвидуваат експертите. Претходните очекувања на Bloomberg беа за раст од 0,3 отсто, а во 2015 година, пак, зголемувањето ќе биде со 0,9 проценти.
Минатиот месец премиерот на Шпанија Маријано Рахој ја убеди Европската комисија да продолжи со две години рокот за усогласување на буџетскиот дефицит на земјата со барањата на ЕУ. Тоа веќе треба да се случи до 2016 година
Според истражувањето на Bloomberg шпанскиот буџетски дефицит следната година ќе се намали за 0,9отсто.
Во моментов шпанскиот премиер се обидува да ги убеди и Европската централна банка да создаде програма која ќе додели кредити на малите и средните претпријатија во Шпанија, Италија и Португалија. Според Рахој тоа дополнително ќе ја стимулира економијата во овие земји.
Во Велика Британија исто така се очекува подобрување на економската ситуација, покажа друго истражување, пренесува Bloomberg. Растот уште во овој квартал ќе биде со 0,1 проценти повисок од предвиденото. Бруто домашниот производ на земјата, пак, ќе се зголеми од 0,9проценти оваа година и за 1,6 отсто во 2014 година.
* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.