21 Мај, 2018
0.3959
    ALK 8098.79    0.29%     BESK 7738.39    -2.05%     GRNT 743.11    -1.78%     KMB 4373.93    0.64%     MKSD 204    9.68%     MPT 30016.78    0.05%     MTUR 4100    -0.41%     OHB 6498.44    0.11%     PPIV 44500    0%     RMDEN16 95.5    0.42%     RZLE 14    0%     RZLV 44    0%     RZUS 124.82    -0.94%     STB 1022.5    -0.26%     STBP 1102.85    0.07%     STIL 132.97    3.31%     TEL 270    -1.46%     TNB 13718    3%     TPLF 1573.88    -1.18%     TTK 860    -1.23%     UNI 2420.09    2.55%     ZILU 238    8.18%

Шпанија пред втора граѓанска војна

Објавено во: Анализа 02 Октомври, 2017

Крвавите сцени од вчерашно задушување на каталонското „востание“ ја шокираа цела Европа. Шпанските власти по секоја цена сакаа да го прекинат референдумот во Каталонија за кој судот не даде одобрение и го прогласија однапред за нелегитимен, но начинот на кој безбедносните сили удрија врз своите граѓани потсетува на едно многу потемно доба од шпанската историја.

Впрочем и раните од диктатурата на генерал Франко и фашистичките орди никогаш и не залечија целосно во Шпанија. Налетот на демократијата дури во 70-тите години и припаѓањето на европската заедница помогнаа Шпанија да се изгради во модерна држава со полу-федералистичко управување каде и престолнината и покраините имаа своја политичка и државна моќ.

Сепак, Каталонците со децении копнеат за своја држава и автономија. Граѓанската војна во Шпанија во 30-тите години се водеше како на регионално ниво откако Франковистичките фашисти го кренаа национализмот на највисоко ниво. Во тој период на Каталонците, Баскијците, Галицијаните им беше забранува да ги крштеваат своите деца со традионалните имиња и мораа да ја прифатат Кастилијанската култура. 

Крвавата шпанска граѓанска војна беше предвесник на фашизмот и особено растот на нацизмот во Европа бидејќи Франко доби огромна воена помош од Хитлер по што успеа да го скрши отпорот на републиканците кои пак имаа поддршка од социјалистите и комунистите.

Ударот на шпанските воени сили врз гласачите кои сакаа да се изјаснат на референдумот за независнот наликуваше на црнокошуљашите на Франко. Насилството раѓа ново насилство. Каталонската влада предводена од Пуџемонд тврди дека над 2 милиони луѓе гласале за независност на Каталонија. Затоа се очекува во Барселона унилатерално да биде прогласена независност од Мадрид што може да предизвика нов судир меѓу националната гарда и регионалната полиција и војска и да дојде дури и до жртви. Засега многу е мирно во Баскискиот регион кој со децении пак, го продолжуваше отпорот против фашизмот но, и новата шпанска република преку терористчката организација ЕТА. 

Денес Баскија е пацифизирана, но и таму многу се силни спомените од шпанската граѓанска војна и инцидентите од поновата историја, па можен е нов бран на сепаратизам што тешко би ја ранил власта на премиерот Рахој во Мадрид. 

Десничарите во Шпанија кои се формираа по падот на Франко никогаш не дозволија целосно да егзистира двонационализмот, односно граѓаните да имаат можност, слобода но, и желба да се нарекуваат истовремено Каталонци и Шпанци. Втората директна причина за желбата за независност е економската криза каде Каталонците сметаат дека се обесправени што мора да солидарно да го делат буџетот со помалку развиените региони додека централната влада нема јасна визија за напредок на земјата, реформи и излез од кризата и нееднаквата регионална развиеност.

Автор: Христијан Станоевиќ