Шпанската „Народна партија“ 20 години нелегално се финансира преку покупи
Објавено во: Економија 08 Јули, 2013 11:08
Преку поткупи во текот на најмалку 20 години нелегално се финансира шпанската владејачка „Народна партија“, изјави поранешниот благајник Луис Барсенас.
Барсенас во интервју за шпанскиот весник „Мундо“ изјави дека „Народната партија“ примала поткуп од од градежни компании во замена за договори во области под нејзина контрола.
Поранешен финансиер на партијата е во затвор и против него има обвинение за перење пари, поткуп, даночни измами и други прекршоци. Тој е централна фигура во две големи корупциски афери, што ја поткопаа довербата на „Народната партија“.
Во јануари весникот „Паис“ објави извадоци од рачно испишани сметководствени документи, за кои се тврди дека претставуваат депонирање и повлекување средства од тајна сметка.
Барсенас во интервјуто за весникот „Мундо“ нагласува дека документите се автентични и се поврзани со илегално финансирање на „Народната партија“. Досега Барсенас тврдеше дека документите не биле пишувани од него, но изјави дека лажел од лојалност кон премиерот Маријано Рахој.
Рахој, поранешниот премиер Хозе Марија Азнар и други високи службеници во „Народната партија“, чии имиња фигурираат во документите, негираат дека илегално добивале средства.
Можеби ќе ве интересира
Колку дозволи издаде Хрватска за македонски работници?
Кои европски земји имаат најниски нивоа на БДП по глава на жител?
Ристески објасни како од 1 јануари ќе ја пресметуваат просечната потрошувачка кошничка
Цената на среброто скокна над рекордните 65 долари за унца
Фатих Шахбаз е нов главен извршен директор на Халкбанк АД Скопје
„Бауер БГ“ ја реконструира Палата АСНОМ по стара шема, со нови анекс-договори од 700.000 евра засега
КУПЦИТЕ НА СТАНОВИ МОЖЕ ДА ЗДИВНАТ – повластената даночна стапка останува и следните три години
Кончар потпиша договор со позната американска компанија




