06 Декември, 2025
0.0291

Шпаркасе Банка АД Скопје: Со приклучувањето кон СЕПА, се воведени нови, поволни услови за плаќања во евра

Објавено во: Мои пари 06 Октомври, 2025 17:44

Добивај вести на Viber

Од денеска, 6 октомври, Шпаркасе Банка АД Скопје започнува со извршување СЕПА-трансфери. Банката направи значаен исчекор кон современите европски платни системи, приклучувајќи се кон Единственото подрачје за плаќања во евра СЕПА (Single Euro Payments Area). Со оваа иницијатива, Шпаркасе Банка станува активен учесник во извршувањето на СЕПА кредитните трансфери, овозможувајќи им на клиентите, физички и правни лица, да вршат и да примаат плаќања во евра под исти услови и права како во другите земји членки на СЕПА.

За сите нови и постојни физички лица – клиенти на Банката што ќе отворат девизна сметка во Шпаркасе Банка во периодот од 6.10.2025 до 31.10.2025 следува поволност за бесплатни трансфери во евра во рамките на СЕПА до крајот на октомври.

Во согласност со последните измени на Општите правила и услови, Шпаркасе Банка воведе и поволности за правни лица:

  • СЕПА кредитни трансфери: хартиени налози 1.250 МКД, електронски 600 МКД; СЕПА приливи до 50.000 ЕУР – 500 МКД, над 50.000 ЕУР – 1.500 МКД.
  • Намалување на тарифи за Fast Intragroup Transfers (FIT Payments): до 50.000 ЕУР – 600 МКД, над 50.000 ЕУР – 0,23% (хартиени) / 0,15% (електронски), минимален износ 600 МКД.
  • Бришење на надоместоците за Intra Group Payments и кредитни трансфери кон Групација со воведувањето на СЕПА.

Со овие промени, Шпаркасе Банка уште еднаш ја потврдува својата заложба за дигитална трансформација, усогласеност со европските стандарди и обезбедување иновативни, сигурни и економични решенија за платниот промет кон и од европските земји.

Повеќе информации за тарифите за СЕПА трансфери на www.sparkasse.mk

ПР Објава

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

Пакомак најави отворање на нов погон за секундарно селектирање на отпадот, каков што нема никаде на Балканот

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

СЕТЕК BLUE DECEMBER: ЖЕЛБИТЕ БЛЕСКААТ ВО СИНО

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Халкбанк со донација на компјутерска опрема ја зајакнува дигиталната настава во ДУЦОР „Партенија Зографски“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

Стопанска банка финансиски ќе поддржи нови 16 инклузивни проекти како дел од седмото издание на „Сонуваме.Менуваме“

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

ВИДЕОЛОТАРИЈА КАСИНОС АВСТРИЈА – ПОДДРЖУВАЧ НА КУЛТУРАТА: ШЕХЕРЕЗАДА ВО МОБ

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Каде ќе бидеш ти кога ќе се решава најинтензивната F1 сезона досега?

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Постепено месечно вложување: најлесен начин да ги остварите вашите цели

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

Business for Business форум 2025 - Комерцијална банка ги спои иновациите со успешните бизнис приказни

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј

АмЧам избра нови членови во Одборот на Директори и го прослави 25 годишниот јубилеј