ШПАРКАСЕ БАНКА СО НОВИ АТРАКТИВНИ УСЛОВИ ЗА ШТЕДЕЊЕ
Објавено во: Мои пари 18 Април, 2023 15:51
Шпаркасе Банка АД Скопје продолжува со своите активности да носи различни привилегии за клиентите, следејќи ги пазарните промени, и со тоа и да креира атрактивни понуди штоцелосно одговараат на потребите на крајниот корисник. Како синоним за стабилност и сигурно партнерство, кога станува збор за штедењето, Шпаркасе Банка јапродолжува промотивната понуда за Депозит Плус со нови, повисоки каматни стапки, фиксни за целиот период на орочување, во периодот од 1.4.2023 до 30.6.2023 година. Па, така, средствата со Депозит Плус во денари можат да се орочат на 13 ина 24 месеци, со штопри орочување на 13 месеци каматната стапка изнесува 2,9%, додека при орочување на 24 месеци каматната стапка изнесува 3,5%. Депонентите, пак, кои ќе се одлучат за депозити во евра на 12 месеци добиваат каматна стапка од 1,9%, додека за 25 месеци каматна стапка од 2,5%.
Депозит Плус е орочен депозит со фиксна каматна стапка за целиот период на орочување, креиран за оние што се заинтересирани да штедат и кои сакаат да направат добар план за заштеда на подолг период во стабилна финансиска институција.
Сите информации може да ги погледнете на веб-страницата на Шпаркасе Банка, за Депозит Плус во денари прочитајте на следниот линкhttps://bit.ly/3onWF2H, а за Депозит Плус во евра на следниот линкhttps://bit.ly/43Fl2Jm .
Или, пак, можете да се јавите на Контакт центарот на 02/15050 достапен во секое време.
Денес штедењето претставува предизвик за клиентите и истовремено многу корисна навика со која ја обезбедуваме нашата и иднината на нашите деца. Токму затоа изберете партнер од доверба каков што е Шпаркасе Банка – дел од најсилната банкарска групација во Југоисточна Европа, која бележи близу 200 години традиција во штедење. Со овој промотивен депозит и со сигурен и стабилен партнер за штедење каков што е Шпаркасе Банка, секогаш добивате нешто плус.
Можеби ќе ве интересира
ПУШТЕНА ВО УПОТРЕБА НОВАТА МИКРОБИОЛОШКА ЛАБОРАТОРИЈА ЗА КВАЛИТЕТ НА „АЛКАЛОИД“ ПРИ ОФИЦИЈАЛНАТА ПОСЕТА НА ВЛАДИНА ДЕЛЕГАЦИЈА НА КОМПАНИЈАТА
Емисиите од работата на ТИТАН УСЈЕ се под граничните вредности определени со Закон
Нов едукативен и истражувачки центар на Градежниот факултет во соработка со ТИТАН Усје, во рамки на проектот „Знаење + CO₂ -“
Никотински ќесички како модерна еволуција на снус без тутун
Мало отрезнување за акциите со вештачка интелигенција
Просечната цена на струјата на HUPX берзата за 19 декември изнесува 134,46 евра за мегават час, на МЕМО 154,75 евра за мегават час
Првпат во Македонија: Во „Аџибадем Систина“ изведена имплантација на вештачки колк кај 14-годишно дете




