15 Декември, 2025
0.0855

Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со силни перформанси во првата половина на 2022 година

Објавено во: Економија 11 Август, 2022 12:21

Добивај вести на Viber

Врз основа на неревидираните финансиски извештаи за првите шест месеци од 2022 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје оствари силни перформанси во сите сегменти на работењето, што придонесе и за раст на вкупното портфолио од 16,8% споредено со почетокот на годината, како и:

-  Раст на финансираниот волумен на лизинг трансакции од 52,1%;

-  Раст на бројот на новофинансирани лизинг предмети од 16,3%;

Овие позитивни движења условија одлични финансиски перформанси и тоа:

-  Раст на приходите од камати за 20,7%;

-  Раст на приходите од надоместоци за 31,8%

-  Сооднос помеѓу трошоците и приходите (CIR) од 27,4%;

-  Нефукционалните побарувања се задржаа на ниво од 1,9%;

-  Нето профитoт по оданочување достигна 39,4 милиони денари;

*Споредено со првите шест месеци од 2021 година.

Во текот на првата половина од 2022 година Шпаркасе Лизинг Доо Скопје забележа силен раст во сите сегменти на работењето, иако влијанието на зголемените рокови на испорака на возила како резултат на пореметувањата на синџирите на снабдување и зголемените цени значително се чувстваа на пазарот.

И покрај проблемите со испоракa на возила на глобално ниво кои го забавија Европскиот пазар за 14%, пазарот на нови автомобили во Р.Македонија за првите шест месеци забележа раст од 13% споредбено со првите шест месеци од 2021 година, благодарение на добрата продажба во Јуни која пред се должи на испораките за рент-а-кар компаниите.

Шпаркасе Лизинг Доо Скопје со својата соодветната поставеност на пазарот и понуда на флексибилни производи и услуги дојде до раст на финансираниот волумен на лизинг трансакции за 52,1% и раст на бројот на новофинансирани предмети за 16,3% споредено со првите шест месеци од 2021 година со што ја потврди својата улога на пазарен лидер.

Значајно е да се напомене дека одличен раст е остварен во двата “core”  сегменти во работењето, патничките возила и тешките товарни возила со раст од 39,5% и 137,5% респективно, споредено со првата половина на 2021 година.

Приходите од камати се зголемија за 20,7%, со раст на приходите од надоместоци за 31,8%, при што трошоците за исправка на вредност останаа под буџетираното ниво благодарение на стабилното и здраво портфолио. Како резултат на овие движења, нето добивката по оданочување за првите шест месеци од 2022 изнесуваше 39,4 милиони денари.

Втората половина на 2022 година се очекува да биде исполнета со предизвици пред се од аспект на претходно спомнатите нарушувања во синџирите на снабдување, намалената понуда на возила како и растечката инфлација, и се поевидентните нагорни движења на каматните стапки на европскиот, а со тоа и македонскиот финансиски пазар.

“Шпаркасе Лизинг продолжува со силна поддршка на македонската економија и бизнис, при што во следниот период ќе се фокусирамe на воведување нови производи и услуги како и на дополнително забрзување на постапката за реализиција на нови договори со цел одобрување и реализација за 24 часа од моментот на аплицирање“, истакна Марјан Манчев, Извршен директор на Шпаркасе Лизинг Доо Скопје.

ПР објава

Можеби ќе ве интересира

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

НОВИ БИЗНИС ИНВЕСТИЦИИ: Познато е кој ќе ги гради најголемите складишта за електрична енергија?

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

„Визер“ со нова линија од аеродромот во Скопје - од сега ќе се патува и за Прага

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Мицкоски: Мерките на Владата даваат резултати, зголемени бројки на туристи и ноќевања во првите 10 месеци

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

Меѓународниот аеродром Скопје станува апослутен лидер во регионот по раст и по број на нови понудени места

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

КЛУЧ НА ДРЖАВНАТА КАСА ИЛИ МИЦКОСКИ ПРОГЛАСИ КАПИТУЛАЦИЈА НА ЕКОНОМИЈАТА! Чупеска за затворањето на трезорот на 15 декември

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

МИЦКОСКИ СМИРУВА: Буџетот е ликвиден

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Кинеската економија во 2025 година и предвидувања за 2026 година

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Тактики, а не паника, ја создаваат моменталната вредност на криптовалутите

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети

Страв од вештачка интелигенција: Младите луѓе се префрлаат во квалификувани занаети