Шпилје работи со полна пареа: Ако продолжи дождот, Македонија ќе нема гајле за струја!
Објавено во: Економија 14 Март, 2013 19:28
Благодарение на изобилството на вода во дебарското сливно подрачје, трите агрегати на ХЕЦ „Шпилје“ во овој реон работат под полн капацитет и произведуваат околу два милиона киловат часови електрична енергија дневно. Од почетокот на годинава произведени се околу 60 милиони киловат часови електрична енергија, што претставува остварување на годишниот план за околу 25 отсто, соопштуваат од компанијата.
Од ХЕЦ „Шпилје“ посочуваат дека ако продолжи поволната хидрологија и во следниот период, годишниот план од 252.082 милиони киловат часови се очекува да биде остварен, а множеби и натфрлен. Лани беа произведени 241 милиони и 271 илјади киловат часови електрична енергија што претставуваше натфрлување на планот за околу 2 отсто.ХЕЦ „Шпилје“ работи веќе 44 години, а максимално рекордно производство на струја е забележано во 2011 година кога беа произведени околу 560 милиони киловат часови.
Можеби ќе ве интересира
НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка
Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба
ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка
Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата
ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар




