Штаермаркише: Уделот во Охридска банка вреди 52 милиони евра, договорот од Преспа влијаше за одлуката
Објавено во: Економија 28 Февруари, 2019 16:20
До 2020 година Шпаракасе банка и Охридска банка ќе се спојат и ќе функционираат како една банка, која по спојувањето ќе стане четврта по големина банка во земјава, изјавија попладнево од менаџментот на Штаермеркише Шпаркасе. Австриската банка утрово објави дека постигнале договор со Сосиете женерал за купување мнозиниски удел во Охридска банка. Штаермеркише Шпараксе со тој договор треба да откупи 74 отсто од Охридска банка, удел кој до сега го поседуваше Сосиете женерал. Овој пакет, според директорите, вреди околу 52 милиони евра. Останатите акции може да бидат превземени ако на продажба се одлучат и други акционери на Охридска банка.
Австријците тврдат дека се одлучиле на ваков потег затоа што гледаат потенцијал за раст на банкарскиот сектор во земјите од Западан Балкан, различно од концептот на Сосиете женерал според кои овие пазари се нестратегиски. Инаку Штаермеркише Шпаркасе оперира на пазарот во Македонија десетина година откако ја купи Инвест банка. Откако ќе се реализира купопродажниот договор и ќе помине трансакцијата, ќе следи процес на спојување.
„По темелно анализирање на Охридска банка Сосиете женерал, која е една од водечките банки во Република Северна Македонија заклучивме дека оваа банка ќе одговара на бизнис моделот на Штаермеркише Шпаркасе поради нејзината големина и стратешката ориентација, рече Сава Далбоков, член на УО на Штаермеркише Шпаркасе.



По спојувањето двете банки ќе бидат една и ќе имаат пазарен удел од околу 12 до 14 отсто во зависност од сегментот или ќе биде четврта банка по големина. Спојувањето треба да заврши до 2020 година.
“Бројот на вработени е чувствително прашање, секако потребна е оптимизација, но верувам дека ќе имаме раст, а по историската одлука во Македонија околу името очекувам раст и во сите сегменти. Ние се гледаме како долготрајни инвеститори, рече Георг Бухер, член на УО на Штаермеркише Шпаркасе.
Порамнувањето на трансакцијата е очекувано да се случи во наредните месеци.
Од менаџментот на австриската банка тврдат дека ова е прва инвестиција на меѓународен план по постигнувањето на договорот од Преспа и велат дека таа разврска им била ветар во грб за носењето на конечната одлука.
„Иако сме присутни тука секако за новата инвестиција влијание имаше и одлуката и решението за името. Верувам во оваа држава и затоа инвестираме овде. На сите би им препорачал да го сторат тоа, рече Далбоков.
А.Т.
Можеби ќе ве интересира
Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?
Хрватска ги заострува условите за вработување странци
Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар
Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра
„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips
ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд
Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии




