14 Април, 2025
0.0284

Штефан Петер за „Фактор“: Македонија е подготвена за универзален снабдувач од 1 јули

Објавено во: Економија, Интервјуа 17 Мај, 2019 07:00

Добивај вести на Viber

Штефан Петер, претседателот на Управниот одбор на ЕВН Македонија, за „Фактор“ вели дека оваа година неговата компанија нема да бара поскапување на дистрибуцијата на електрична енергија до Регулаторната комисија за енергетика затоа што тоа прашање е замрзнато со договорот за универзален снабдувач.

Конзорциумот составен од ЕВН Македонија и ЕВН електроснабдување на почетокот на годината беше избран за најдобар понудувач на електронската аукција за јавно поддавање за избор за универзален снабдувач со електрична енергија со најниска маржа, односно процент на профитна маргина од 11,5 проценти.

Петер вели дека до Регулаторната комисија за енергетика ќе биде поднесена формална апликација за тоа дали се намалени трошоците или пак се зголемени, но не очекува да има поскапување на сметките за електрична енергија кај оние кои не купуваат од слободниот пазар, бидејќи компанијата веќе има постигнато таков договор.

„Македонија е подготвена, компанијата е подготвена, како и Регулаторна комисија за енергетика и Министерството за економија. Започнуваме од 1 јули како дефиниран датум“, вели Петер за „Фактор“.

До крајот на јуни ќе се знае новата цена на струјата со која ќе се снабдуваат малите потрошувачи и домаќинства кои решиле да останат на регулираниот пазар на електрична енергија, по цени одобрени од Регулаторната комисија за енергетика. 

„Секогаш тоа зависи од тоа со какви трошоци ќе се соочиме. Повисоки цени баравме само кога имавме поголеми трошоци, но во последните години имавме помали трошоци и немавме против да се намали и цената. Ситуацијата оваа година е дека со добиениот тендер за универзален снабдувач тоа не е неопходно да се бара. Ние ќе поднесеме формална апликација во која само ќе ги претставиме нашите трошоци за 2019, но тоа не игра релевантна улога овој пат и не очекувам да има поскапување“, вели Петер.

Вели дека ЕВН Македонија се уште не ги враќа парите од инвестицијата при купувањето на ЕСМ Дистрибуција во 2006.

„Ако ги видите податоците на Централниот регистар таму тие покажуваат дека остваруваме профит само во последните четири години. Засега се уште имаме повеќе вложено отколку остварено и по моја проценка тоа се уште ќе биде така и во 2019. Ситуацијата нема да се промени ниту оваа година. Кога ќе биде преодната точка не би можел со сигурност да знам, но по мое мислење тоа би требало да биде 2021 кога за прв пат во историјата според тоа ќе треба да поделиме и дивиденда“, смета првиот човек на ЕВН Македонија.

Компанијата за дистрибуција на електрична енергија во иницијалниот промотивен период до сега постави педесетина станица за полнење на електрични возила. Тој смета дека во моментов има мошне мал број на електрични автомобили во Македонија но очекува период на брзо зголемување на пазарот.

„Би сакал ситуацијата да биде како во Норвешка каде што секој втор автомобил е таков, но во Македонија со 100 до 200 вакви возила тоа е далеку дури и од просекот. Но она од што сум задоволен е од купувањето на електротротинети и електромопеди, што покажува дека се зголемува свеста за тоа. Доколку еден час седите на главниот плоштад во Скопје ќе видите дека ги има многу. Затоа очекувам еден позитивен тренд. Ние веќе го подготвивме теренот и чекаме потрошувачкиот сектор да фати приклучок“, вели Петер.

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ЕУ би можела да ги укине царините за кинеските автомобили - под еден услов

ЕУ би можела да ги укине царините за кинеските автомобили - под еден услов

ИНТЕРВЈУ СО ТОНИ СТОЈАНОВСКИ, ДИРЕКТОР НА НЛБ БАНКА: Стратешки приоритет на НЛБ Банка е до 2030 година да биде целосно дигитална банка

ИНТЕРВЈУ СО ТОНИ СТОЈАНОВСКИ, ДИРЕКТОР НА НЛБ БАНКА: Стратешки приоритет на НЛБ Банка е до 2030 година да биде целосно дигитална банка

Колку се заработува од управување со задолжителен пензиски фонд во Македонија? Едно од друштвата ќе подели 2 милиони евра дивиденда!

Колку се заработува од управување со задолжителен пензиски фонд во Македонија? Едно од друштвата ќе подели 2 милиони евра дивиденда!

На еден од четирите автопати на Бехтел и Енка се уште не е почнато ништо да се работи

На еден од четирите автопати на Бехтел и Енка се уште не е почнато ништо да се работи

Германски медиуми: Мерцедес ги сели работните места во Унгарија

Германски медиуми: Мерцедес ги сели работните места во Унгарија

КОЛКАВИ СЕ МИНИМАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО ЕУ? Огромна разлика меѓу земјите, еве една во која сигурно не би зажалиле да работите

КОЛКАВИ СЕ МИНИМАЛНИТЕ ПЛАТИ ВО ЕУ? Огромна разлика меѓу земјите, еве една во која сигурно не би зажалиле да работите

АНАЛИТИЧАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Царините се закануваат со драстичен пад на продажбата на автомобили и пораст на цените

АНАЛИТИЧАРИТЕ ПРЕДУПРЕДУВААТ: Царините се закануваат со драстичен пад на продажбата на автомобили и пораст на цените

ВАШИНГТОН ГО ТРЕСЕ СКАНДАЛ: Вистинскиот „Волк од Волстрит“ сесрдно го поддржа Трамп - „тој не манипулираше со пазарот“

ВАШИНГТОН ГО ТРЕСЕ СКАНДАЛ: Вистинскиот „Волк од Волстрит“ сесрдно го поддржа Трамп - „тој не манипулираше со пазарот“

СЕ ПОВЕЌЕ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ ВО ДУБАИ: Еве зошто Србите повеќе купуваат таму отколку дома

СЕ ПОВЕЌЕ СЕ КУПУВААТ СТАНОВИ ВО ДУБАИ: Еве зошто Србите повеќе купуваат таму отколку дома