26 Април, 2024
0.0332

Штериев ја „разви“ берзата сега фокус му е crowdfunding

Објавено во: Економија 14 Јули, 2019

Добивај вести на Viber

Народот ќе рече, „Кучињата лаат, караванот си врви“. Оваа мисла во која доминира чемерот поради непроменливоста на состојбите, е слика и прилика за состојбите на македонскиот пазар на хартии од вредност. За воља на вистината „кучињата“ се‘уште не почнале толку гласно да лаат, но крикови се слушаат. Крикови од учесниците на пазарот на хартии од вредност, кои плашејќи се јавно да го искажат својот став, само даваат морална подршка на оние кои барем ќе се осмелат да ги откријат ставените под тепих прашања кои предизвикуваат „рани“ во бизнисот.  Рани кои не се залекуваат, а како последица рефлектираат „утепан“ пазар и континуирано намалување на бројот на институционалите учесници на истиот.

 И оваа состојба не ме изненадува.  Ако ние можевме, 11 години да го трпиме  Груевски и бизнисмените да му аплаудираат кога тој ги „тепаше“, зошто би реагирале на работата  на организаторт  на пазарот на хартии од вредност дури и каде понудата на инструменти за тргување и висината на прометот не ретко е  под просечно успешен ден на Бит пазар.

И сега „перверзијата “ да биде поголема, Штериев наместо да бара чаре за ваквата јалова сосотојба , и да понуди лепеза на решенија, тој се зафати да развива start up – и, или како што би објаснил,  се работи за обид да отвориме друг фолдер во делот на инвестициската култура во Македонија.

Да не се разбереме погрешно, немаме ништо против нови проекти, како во случајов платформата Funderbeam,  која нуди глобална шема за колективно финансирање во  странски стартапи или во развојот на мали и средни компании во странство, но сметаме дека, за да заживеат ваквите проекти, прво мора да ги решиме есенцијалните проблеми во сопствениот двор, во случајот, да го заживееме пазарот на хартии од вредност. 

За кое инвестирање во start up- и правиме муабет кога и по 20 години Берзата сеуште  нема развиен примарен пазар, нема финансирање преку нови емисии, нема емисии на корпоративни обврзници, нема маркет мејкери на одредени хартии од вредност, нема надворешни институционални инвеститори,  деривати и во следните 10 години нема да ги има,  едноставно немаме инвеститори во финансиски инструменти. А за жал, имаме екстремно плиток пазар и доминантните сопствениици кои малите акционери не ги ставаат ни на „куцо магаре“.

И нормално, за организаторот на пазарот сето ова е нормално и  се‘ е според закон. Последиците се: прометот е на исклучително ниско ниво, институционалните  инвеститори се бројат на прсти, шпекуланти тук таму, и што е најсериозна аномалија, нашите компании остануваат заобиколени од потенцијалните странски инвеститори, и тоа во период на најголемата експанзија на глобализацијата. Мерџирањето на странски со домашни компании не постои,  превземања уште помалку, но пак затоа главниот акционер да си додели  бонус во милионски износ, нормално во евра, а малите акционери да ги остави со „прстот во уста“, е појава  која е нормална. Впрочем никаде не видовме дека Штериев е погоден од ваквите смртоносни стрели за пазарот, дека го фаќа с’клед од развојот на настаните, дека нуди  предлог решенија против стагнацијата  на пазарот на долгорочни хатии од вредност.

Но, објективно, не е кабаетлија само огранизаторот. Тој ги исполнува барањата на неговите акционери, а негови акционери се главно неколку  комерцијални банки. Интересот на тие финансисики институции не е развој на пазарот на хартии од вредност, туку развојот на пазарот на пари и нормално кредитната активност која во нашиот банкоцентричен систен е главниот приходен елемент.

Депонирањето на средствата  во депозити и користењето на стамбени кредити  од  аспект на инвестирање на  слободниот капитал е врвниот дострел на инвеститорската јавност. Додека ваквата слика не се промени, нормално е  Штриев декада и половина да биде прв и единствен организатор на пазарот на капитал, а градежните компании и при 5 илјади не продадени станови во државата и намалување на бројот на населението  да ги плашат граѓаните дека ако не купат денеска,  утре истите ќе бидат поскапи.

Значи мора да се засукаат ракавите и ако сакаме да имаме поразвиен пазар мора да се појави нов организитор на пазарот за долгорочни хартии од вредност кој ќе го организира, ќе понуди нова визија, нови инструменти, нова филозофија. Постоечкиот организатор нема ниту воља, ниту интерес за такво нешто, а дотогаш очекувајте Штериев да ве поздравува и догодина, од  21 –та успешно организирана меѓународна конференција на Македонската берза. 

А.К.

Можеби ќе ве интересира

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

НАЈГОЛЕМИТЕ ЕКОНОМИИ ГИ ПОДБРАА БОГАТАШИТЕ: Милијардерите да плаќаат даноци за да ја надоместат штетата на светот

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

СТАНОВИ И КАНЦЕЛАРИИ „ТЕШКИ“ 600 ИЛЈАДИ ЕВРА ОДАТ НА БАРАБАН: еве каков имот нудат банките на продажба

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра

ССМ НАЈАВИ ПРОТЕСТ ЗА 1 МАЈ: Бараат минималецот да изнесува најмалку 450 евра