19 Декември, 2025
0.0426

Штерјо Наков претседател на Надзорен, Иван Петровски нов шеф на Управниот одбор во Фершпед!

Објавено во: Економија 15 Април, 2013 08:15

Добивај вести на Viber

Иван Петровски, долгогодишен вработен во Фершпед е новиот претседател на Управниот одбор на Фершпед. Акционерите го избраа Петровски откако на крајот на март од таа позиција најави дека ќе се повлече Штерјо Наков, објави Дневник. Петровски седнува во фотелјата по повеќегодишно искуство како вработен во компанијата. Избрани се и другите членови на Управниот одбор, а меѓу нив е и еден од синовите на поранешниот директор, Драган Наков. Друштво во одборот ќе им прават Зоран Арнаутов, Цаца Зикова, Зоран Тодоровски и Александар Илијевски, вработени во компанијата. Новиот директор Петровски поседува 0,11 проценти од компанијата, Наков е сопственик на 11,83 проценти од капиталот, акции кои всушност му ги подари татко му Штерјо Наков. Зоран Арнаутов има 0,02 отсто сопствеништво во „Фершпед“, Зикова, 0,16 проценти, а Тодоровски 0,98 отсто. На крајот на март „Фершпед“ објави дека по 20 години на менаџерските позиции, Штерјо Наков и неговата долгогодишна соработничка Kираца Трајковска ќе бидат членови на Надзорниот одбор на компанијата. Новиот состав на овој одбор веќе е избран, а освен нив во надзорниот членуваат и Виолета Тататабитовска и Невенка Ристовска. Старо-нови членови на Надзорниот одбор се Леонид Наков и Стојан Настоски. По објавата се шпекулираше дека местото претседател на Управниот одбор на компанијата ќе му припадне на синот на Наков, но тоа не се реализира. Надзорниот одбор е тело што ја контролира работата на Управниот одбор, ниту една одлука всушност нема да се носи без одобрување на членовите на овој одбор, односно на старото раководство.

Можеби ќе ве интересира

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд