Штета од 2 милијарди долари: Германски компании со корупциски афери во Грција
Објавено во: Балкан 02 Септември, 2015 13:41
Siemens, Daimler, Rheinmetall – овие индустриски бисери, кои изградија репутација на германската економија, се вмешани во големи корупциски афери во Грција. Во исто време Германија не запира да осудува некои практики на злоупотреби во Грција, пишува Јаник Паскал од АФП.
Се уште не е закажан датум за сослушувањето на 19 поранешни вработени на германскиот конгломерат Siemens од грчки суд, но случајот се појави како еден од најголемите финансиски процеси во текот на последната деценија во Грција.
Вкупно 64 лица се бркаaт од правда за пасивна корупција и перење пари во оваа гигантска афера за давање мито во замена за добивање на дел од високо профитабилниот државен пазар.
Тоа е “најголемиот скандал во историјата на повоена Грција, во кој е вмешана една компанија”, вели американската организација CorpWatch која ги следи корпоративните практики.
Истрагата требаше да трае девет години, а резултатите беа изложени во извештајот од 2368 страници. Баварската група која одржува врски со Грција од 19-тиот век, е обвинета дека “ги полнела гушите” на различни високи личности, за да добие голем проект за модернизација на грчката телефонска мрежа во крајот на 90-тите години.
Се претпоставува дека Siemens дал вкупно 70 милиони евра мито за договор склучен за преминувањето на грчката телекомуникациска компанија OTE кон дигиталниот систем.
Меѓу обвинетите е и поранешниот шеф на Siemens во Грција Михалис Хрискофоракос. Само што овој маж на 62 години со германско-грчки корени едвај ќе се соочи со судиите. Тој нашол засолниште во Баварија по бегството од Грција во 2009 година, а германското правосудство категорично одбива негова екстрадиција, велејќи дека фактите се изманипулирани. И без тоа веќе се загорчени односите меѓу Германија и Грција и нема да се подобрат со оваа одлука.
“-Сведоштвата На оваа личност би биле од витално значење во процесот” Siemens “во Атина”, истакна претседателката на грчкиот парламент Зои Констандопулу. “Пред сè, сепак тоа е прашање на правичност, кој покажува дека има двоен начин на зборување на Германија”, според неа.
Постојат сомневања освен тоа дека Siemens е вмешан во корупциски практики поврзани со системот за безбедност на Олимписките игри во Атина во 2004 година, според истрагата, која продолжува да тече.
“Штета за 2 милијарди евра”
Германија сака да ја зазема позата на најдобар ученик на Европа – свесно и сериозно. И не се колеба да ја опишува Грција како земја која генерирала од злоупотреби со државни пари, и дека корупцијата е национален атавизам.
Според невладината организација Транспаренси интернешенел, која го следи индексот за перцепција на корупција, Грција продолжува да биде изоставувач на Европа, но пак има постигнато значителен напредок и тоа благодарение на кризата.
“Корупцијата во германските компании во Грција е значајна со години иако досега само некои од овие афери довеле до судски прогон”, велат експертите на истражувачкиот центар German Foreign Policy.
Во 2011 година, во екот на економската и социјална криза, парламентарна комисија дури ги спомена во бројки пропуштените придобивки за грчката каса – “2 милијарди евра”.
Голем број на големи играчи во оружената индустрија на Германија исто така се поврзани со прст во Грција.
“Германските компании значително се фаворизирани од огромните трошоци кои Атина ги прави во одбранбениот сектор”, изјави Сара Вангенкнехт од партијата на “Левите”. Имаше години, во кои за буџетот за одбрана на Грција беше најголем во ЕУ, а тоа само го зголемуваше нејзиниот огромен државен долг, дополнува Вагенкнехт.
Автомобилскиот концерн Daimler беше притиснат во пролетта од грчкото правосудство под обвинение за давање мито за да добие договор за воени автомобили во вредност од 100 милиони евра. Истото важи и за Krauss Maffei Wegmann, компанијата која ги испорача тенковите Leopard.
Групата од воено-индустрискиот комплекс Rheinmetall беше осудена во 2012 година да плати 37 милиони евра парична казна поради “великодушноста” кон високи функционери од грчкото Министерство за одбрана. Влог: продажба на нејзиниот систем за воздушна одбрана за 150 милиони евра.
Двајца поранешни шефови на Ferrostaal беа осудени и фирмата мораше да плати 140 милиони евра за тоа дека дала скриени провизии за да добие во замена договори за подморници.
Често финансиската штета претрпе при осуда, се помали од профитот, постигнати од овие компании со нивните сомнителни договори, а тоа не функционира за каузата за прекинување на ваквите практики, забележуваат набљудувачи.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




