Штип почнува со откупувањето на дворните места за легализираните објекти
Објавено во: Македонија 26 Март, 2013
Во Општина Штип почнува постапката за откуп на земјиштето кое е под и околу оние објекти кои се легализираа согласно законот за легализација на дивоградби.
- Пречка досега беше изборниот процес. По неговото завршување граѓаните можат да дојдат во Општина Штип и да подигнат барање за откуп на градежно земјиште врз основа на легализиран објект, но мора да приложат нов геодетски елаборат за нумерички податоци за предметното земјиште, имотен лист за парцелата што сакаат да ја откупат не постар од 30 дена и документ за идентификација за подносителот на барањето, вели Лазар Хаџи-Николов од Одделението за урбанизам при Општина Штип.
Во Штип има над 10.000 дивограгди од кои преку 3.000 имаат решенија за легализација на бесправно изградените куќи и доградби и надградби на објекти.