07 Октомври, 2024
0.0343

Што ако Грците не плаќаат?

Објавено во: Балкан, Економија 05 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Денот Икс уште не е дојден. Бидејќи дури Грците не ја исплатат актуелна рата кон ММФ, тоа нема да ги доведе автоматски до излегување од еврозоната. Еве неколку од по важните прашања и одговори во бескрајната „грчка“ снага.

Зошто сите чекаат што ќе се случи во петокот?

Овој петок (5 јуни) е најважен за ратата од 300 милиони евра за отплата на грчкиот заем кон ММФ. Во последните неколку недели се зборуваше постојано дека грчката влада всушност нема пари да ја плати оваа рата.

Зарем навистина?

Неодамна меѓународните кредитори од ЕУ, ЕЦБ и ММФ го засилиле впечатокот дека Грците имаат доволно пари за да ја платат ратата од заемот. Така барем тврдат запознаените со темата. Освен тоа можно е и ММФ да им даде одмор на Атина.

Зошто тогаш толку гужва?

Бидејќи прашањето не е дали Грците можат да платат, туку дали сакаат да платат. Само да потсетиме: пред падежите на последните две рати на 8 април и на 12 мај Грците тврдеа дека немаат пари за двете исплати, но потоа сепак ги платија во целост сите износи.

Ако Грците платат ...

Ако Грците платат, ќе добијат повеќе време за преговори со кредиторите од ЕУ, ЕЦБ и ММФ. Тоа сепак нема да е многу, бидејќи на 12, 16 и 19 јуни има рок на доставување на уште три рати - вкупно за 1,3 милијарди евра. А Грците категорично немаат толку пари.

Ќе банкротира ли Грција, ако не плати?

Не! Независно од  дебатата од последните денови, сличен автоматизам не постои.

А рејтинг агенциите?

Точно е дека агенциите за кредитен рејтинг по правило прогласуваат неликвидност, кога една влада ќе престане да ги сервисира своите долгови. Ова правило сепак важи само ако се погодени интересите на приватните кредитори, на пример банки и фондови, но не и во конкретниот случај со ММФ.

Како ќе реагираат кредиторите?

ММФ може да започне кривична постапка, еден вид предупредување. Што значи дека ништо драматично нема да следи. Спасувачкиот фонд (Европскиот механизам за финансиска стабилност - EFSF), пак, може да објави зрелост за сите кредити, ако Грците не ги исплатат парите кон ММФ. Исклучено е сепак дека „EFSF“ ќе преземе таков чекор без одобрение на владите. Останува само „ЕЦБ“, чија улога се покажа клучна.

Зошто?

Бидејќи грчките банки зависат целосно од „ЕЦБ“. Ако таа ги престане итните кредити „ELA“ (итна помош за ликвидност), на грчките банки ќе им снема пари и целиот грчки финансиски систем ќе пропадне. Логичната последица од тоа ќе биде излегувањето на Грција од еврозоната.

Има ли право ЕЦБ на таков потег?

Чисто теоретски ЕЦБ може лесно да го оправда ваквиот потег. Бидејќи грчките банки се обезбедени во овој вид на итно кредитирање со грчките државни обврзници. Ако владата престане да му служи на грчкиот долг, ЕЦБ може да смета дека оваа гаранција веќе не постои. Да повториме дека таа е една од теориите. Додека Европејците преговараат со Грците, ЕЦБ нема да ги остави грчките банки да банкротираат. Можно е банката во Франкфурт да и наметне на Грција симболични казнени мерки, на пример да бидат преценети критериумите за доделување на итни заеми.

Значи во петокот нема да се случи ништо?

Би било одлично да се потврди! Бидејќи никој не може да каже како ќе реагираат грчките штедачи. Според податоците на германската Бундесбанк, во првите четири месеци од годинава Грците преземале речиси 30 милијарди евра од нивните банкарски сметки. Ако во денеска евентуалниот државен банкрот за првпат надвисне како конкретна закана, може да следи и апокалиптично сценарио на масовно повлекување на пари од банките. Што може да го пропадне грчкиот финансиски систем и тоа да го направи неизбежно излегувањето на Грција од еврозоната - и покрај спротивната желба на кредиторите од ЕУ, ЕЦБ и ММФ.

Колку е веројатно такво сценарио?

Не смеат да го исклучат. Но постојат можности да му се спротивстави.

Кои?

Ако грчката Централна банка може да ги затвори привремено банките за неколку дена, а Владата може да воведе контрола врз движењето на капиталот и лимит на влечењето на пари. Во таков случај можеме да очекуваме и наметнување на ограничувања или дури целосна забрана за трансфер на пари во странство.

Што се постигнува со тоа?

Само тоа дека банките нема да банкротираат. Како и да го вртиме или извртиме, на крајот Грците и Европејците мора да се согласат. Само под тој услов Атина да може да добие нова финансиска помош од останатите за оваа намена 7,2 милијарди евра.

Што сепак не е решение на кризата?

Не, ова нема да го реши проблемот, бидејќи веднаш ќе постане актуелно прашањето за нов голем итен пакет помош за Грција. Токму во тоа се изразува и дилемата на земјите од еврозоната: од една страна тие не сакаат да ризикуваат со излегувањето на Грција од еврозоната, но од друга знаат дека секое краткорочно решение води до одложување на конечната одлука.

Можеби ќе ве интересира

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ВО БОСНА ИЗВЛЕКОА ДЕТЕ ЖИВО И ЗДРАВО ОД ПОД ПЛОЧА ТЕШКА ДВА ТОНА, по исчезнатите трага и кучето Зара

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

ПРЕТСТАВЕН НОВИОТ АВИОН НА ЕР СРБИЈА: Ги носи боите и ознаките на EXPO 2027 и голема порака до светот

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

БАЛКАНОТ БРОИ И ЖРТВИ И МАТЕРИЈАЛНИ ШТЕТИ ОД КАТАСТРОФАЛНИТЕ ПОПЛАВИ: Три дена жалост во Босна

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

ЕДЕН ПОВИК ЗА ПОМОШ ЗА ПОПЛАВЕНИТЕ ВО БИХ: Отворени телефонски линии

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

СО ГОЛИ РАЦЕ КОПААТ ПО УРНАТИНИТЕ ВО БОСАНСКА ЈАБЛАНИЦА: Новинарката Дамира Ибрановиќ со детали за Фактор

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

АПОКАЛИПСА, ПОВЕЌЕ ОД 20 ЛУЃЕ ЗАГИНАА ВО БИХ: Деканот на ПМФ ја открива вистинската причина за катастрофата во Јабланица

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

(ВИДЕО) БОСАНСКИ СПАСУВАЧ Е ПОТРЕСЕН: Раскажа како спасиле дете чии родители починале на лице место

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

ПОПЛАВИ ЈА ЗАФАТИЈА И АЛБАНИЈА: Во Тирана улиците се под вода, има паднати дрвја

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути

(ВИДЕО) БОСАНЕЦ ГО ЗАГУБИ СИНОТ ВО ПОПЛАВИТЕ: Раскажа што се случило во рок од 15 минути