28 Ноември, 2024
0.0265

Што добива, а што губи Хрватска со влезот во ЕУ?

Објавено во: Балкан 02 Јули, 2013

Добивај вести на Viber

Хрватска испиша нова страница во своето поглавје од осамостојувањето. Колку и да се обидува некој да го релативизира влезот на Хрватска во Европската унија, сепак за најголем дел од јавноста особено од земјите од Западен балкан остана јасна констатираа дека Хрватска го заслужи местото во европското семејство. Останатие кои се обидуваа да ја неутрализираат еуфоријата изгледаа само како љубоморни деца кои поради своето незнаење и неумеење сакаат да создадат претстава дека влезот во унијата е нешто лошо, иако потоајно сите посакуваат што побрзо да се отворат европските врати и веднаш да се напикаат во цивилизираното друштво. Од 1 јануари 2014, Хрватска ќе добие 11,7 милијарди евра неповратна помош од европските финдови. Инаку, хрватскиот БДП по глава на жител според податоците на Евростат за 2012 година изнесува 10.300 евра, а во ЕУ 25 600 евра што покажува дека БДП е за 2,48 пати поголем од хрватскиот. Според податоците на Евростат во моментот кога Хрватска ќе влезе во ЕУ, хрватскиот БДП по жител ќе изнесува 61% од просекот на досегашните 27 земји членки на ЕУ, што Хрватите ги сместува на самото дно. Иако со влезот во ЕУ на хрватските производи им се отвора нов 500 милионски пазар, хрватските бизнисмени пред влезот на земјата во Европската унија беа исплашени од загубата на пазарите на ЦЕФТА со 25 милиони потрошувачи. Најлошото сценарио на кое предупредува Хрватското здружение на работодавачи е дека извозниците годишно ќе губат 46,5 милиони евра. Туризмот значајна економска алка Во следните седум години Хрватската Влада ќе инвестира седум милијарди, во развој на туризмот. Овие инвестиции двојно ќе ги зголемат приходите од туризам на вкупно14,3 милиони евра годишно, а бројот на ноќевања ќе се зголеми за 43%. Тоа ќе отвори 30.000 нови работни места.  Исто така, Хрватска ќе влезе во топ 20 листата на најконкурентни туристички  земји во светот, ќе биде рај за инвеститорите и туристите. Ова ќе се реализира доколку се спроведе Стратегијата за развој за туризмот која ја донесе хрватската Влада. Во моментот во областа на туризмот во Хрватска работаат над 95.000 луѓе, што е седум проценти од вкупниот број на работни места во државата. Хрватскиот станува 24 службен јазик Со влезот во унијата, хрватскиот јазик стана 24-тиот службен јазик во Европската унија, а нејзините граѓани освен хрватското добиваат и европско државјанство. Во Европскиот парламент Хрватска ќе има 12 претставници до крајот на овој состав, а на следните европски избори догодина ќе има 11. Македонија во хрватската приказна Хрватските производи на македонскиот пазар се очекува да поскапат за околу 10 отсто. Со влезот во ЕУ, хрватските извозни производи ќе бидат со зголемени даноци и царини, што пак ќе предизвика поскапување на млечни производи и другите производи на македонскиот пазар, а ќе поскапат и хрватските цигари. Вкупната размена на Македонија и Хрватска минатата година беше 93 милиони евра од кои речиси половина беа во агросекторот. Македонија во новата земја членка на унијата извезува прехрамбени производи,  вино, тутун, овошје, а од Хрватска увезува месо, млеко и млечни преработки, пченица, брашно. Биографија за Хрватска Република Хрватска е држава на Балканскиот Полуостров која е географски сместена на раскрсницата на патиштата за Средна Европа и Средоземјето. Главен град на Хрватска е Загреб. Граничи со Словенија и Унгарија на север, со Србија, Босна и Херцеговина и Црна Гора на исток. Го завзема најголемиот дел на источниот брег на Јадранско Море. Во втората половина на 20-тиот век претставува република во рамките на СФР Југославија, но прогласува независност во 1991. Хрватска е полноправен член на НАТО. А од завчера Хрватска и официјално е примена како 28 земја-членка на Европската Унија. Економија Приватизацијата во Хрватска и создавањето на слободниот пазар започнале во 1990 година. Како резултат на војната, инфраструктурата е значително ослабена, а најмногу настрада туризмот. Од 1989 до 1993 БДП паднал до 40%. Со завршувањето на војната започнала обновата на хрватската економија. Во 2000 година хрватската економија бележи висок развој и закрепнување, тогаш започнува и значителниот продор на странски инвестиции и развој на туризмот. Религија Според пописот од 2001 година мнозинството од Хрватите (87,8%) припаѓаат на Римокатоличката црква. Православните христијани го сочинуваат околу 4,4 отсто од населението, муслиманите околу 1,3 проценти, а протестанти околу 0,3 проценти од населението. 5,2% од Хрватите не се верници. Извор: Википедија Редакција Фактор

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

ЕВЕ ШТО ОТКРИ ПОПИСОТ ВО ЦРНА ГОРА: Една општина има повеќе жители во странство отколку дома

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

МИСТЕРИОЗНИ ЛЕТОВИ НА БАЛКАНОТ: Тајни патници пристигнуваат со авион во придружба на специјални агенти, што стои зад тоа?

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

КОНЕЧНО СЕ ЗНАЕ ЗОШТО СЕ РУШИ ХОТЕЛ ЈУГОСЛАВИЈА: На негово место ќе никне реномираниот Риц-Карлтон

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

МЕТАЛНИ ЧЕСТИЧКИ ВО WHEY PROTEIN СО ВКУС НА ЧОКОЛАДО: Декатлон го повлече од продажба

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

ХРВАТСКА Е СКАПА ДЕСТИНАЦИЈА: Во Албанија цените биле за 52 отсто пониски

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

РАСТЕ АНТИИМИГРАНТСКОТО РАСПОЛОЖЕНИЕ ВО ИРСКА: 17.000 Хрвати се вратиле дома

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

НЕПОЗНАТИ ЛИЦА ЈА НАПАДНАА ПОЛИЦИСКАТА СТАНИЦА ВО ЗВЕЧАН: Фрлиле две рачни бомби

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

(ВИДЕО) СКАНДАЛ НА ПРЕС-КОНФЕРЕНЦИЈА: Српски пратеник се правдаше на новинар дека не е пијан

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“

БОРИСОВ СЕ ПОВЛЕКУВА: „Категорично одбивам да се занимавам со сите проблеми што ни ги наметнаа“