19 Декември, 2025
0.0476

Што договорија Русија и Украина на преговорите во Турција?

Објавено во: Свет 23 Јули, 2025 22:14

Добивај вести на Viber

Русија и Украина се договориле за размена на војници и цивили.

Во Истанбул денеска се одржа третата рунда преговори меѓу делегациите на Русија и Украина, а главниот резултат од преговорите е договор за продолжување на размената на војници, но и цивили, пренесе ТAСС.

Помошникот на рускиот претседател Владимир Путин и шеф на руската делегација на преговорите, Владимир Медински, по третата рунда изјави дека Русија ѝ понудила на Украина размена на најмалку 1.200 воени заробеници од двете страни, како и Киев да го разгледа прашањето за кратки прекини на огнот од 24 или 48 часа за да се преземат ранетите и телата на загинатите војници. Русија понудила да ги предаде телата на уште три илјади украински војници, додавајќи дека Москва досега ги вратила телата на повеќе од 7.000 украински војници на Киев, но додал и дека ќе продолжат неограничените медицински размени на тешко ранети и болни лица на борбената линија.

Медински навел дека руската делегација понудила Украина да формира три работни групи кои би работеле онлајн.

Тој додал дека санитарните екипи од двете страни се изложени на преголем ризик во „сивата зона“ на фронтот.

Двете страни разговараа за прашањето за враќање на цивилите раселени поради воените операции.

Секретарот на украинскиот Совет за национална безбедност и шеф на украинската делегација на преговорите, Рустем Умеров, по состанокот изјави дека Украина продолжува да инсистира на целосен и безусловен прекин на огнот како неопходна основа за ефикасна дипломатија.

„Подготвени сме за прекин на огнот сега и за почеток на значајни мировни преговори. И од двете страни зависи да се согласат околу овој основен чекор кон мир. Нагласуваме дека прекинот на огнот мора да биде искрен. Мора да вклучува целосен прекин на нападите врз цивили и критична инфраструктура. Можни се вистински чекори – и секоја страна мора да покаже конструктивен и реалистичен пристап“, рече Умеров.

Пред почетокот на преговорите, се одржа состанок само меѓу Умеров и Медински.

Во палатата Чираган, каде што се одржаа преговорите, присутни беа и турски функционери.

Можеби ќе ве интересира

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

ДУБАИ ПОД ВОДА - ова не е видено 76 години! Сообраќајот е парализиран, луѓето добија итно предупредување (ВИДЕО)

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Путин: Киев сè уште не покажал подготвеност за територијални отстапки

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Русија позитивно реагираше на компромисот постигнат од земјите-членки на ЕУ за финансирање на Украина.

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Лидерите на ЕУ постигнаа договор за финансирањето на Украина преку задолжување на блокот

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Зеленски: Ако Украина не добие заем од ЕУ, Путин ќе добие желба да ја освои целата земја

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

Европа се подготвува за највозбудлива нова дестинација: Проект вреден една милијарда евра кој треба да биде изграден во близина на Букурешт

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

ЕУ воведува листа на „безбедни земји на потекло“ за побрзи депортации - кој ќе се најде во тој избор?

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

„Пред една година, нашата земја беше мртва“: Трамп со посебни пораки до Американците

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ

БАРАТЕЛИТЕ НА АЗИЛ ЌЕ БИДАТ ДЕПОРТИРАНИ ВО ТРЕТИ, БЕЗБЕДНИ ЗЕМЈИ: Падна договор меѓу земјите членки на ЕУ