Што договорија жителите на Слупчане и ЕВН?
Објавено во: Македонија 03 Август, 2023
Жителите на липковското село Слупчане не попуштаат во преговорите со ЕВН за струјата.
Претставници на ЕВН денеска се сретнаа и преговараа со жители на селото. За утре е закажана нова средба. И од компанијата и претставниците на жителите оценија дека состанокот поминал во позитивна атмосфера кој ќе придонесе целосно да се реши проблемот со електричната енергија во ова село.Зекирија Шаини, советник во општина Липково, изјави дека состанокот поминал во позитивна атмосфера и дека останува да се договорат техничките детали.
фото: МИА