Што е тоа Урбана Мафија и како функционира?
Објавено во: Македонија 08 Мај, 2013 08:53
„Во прво време може да му даде дел од можностите, бидејќи не може во секое време да го дозволат максимумот, на она што значи процент на изграденост. Но треба да проработи свеста и совеста на урбанистите, тие не можат да бидат исклучени од одговорноста, затоа што тие можат да одат до максималните услови што ги бараат нормативите за просторно урбанистичко планирање и законот, и тука може да оди во максимално искористување на просторот. Сепак ќе кажам ако има спроведено исправна постапка, да се направи анкета од граѓаните, ако советниците си ја вршат работата како што треба, оти кај нив поминува два пати анкетата на самиот детален урбанистички план и ако никој не реагира, зошто е зголелемена маркица по обем, по висина, по квадратура, без разлика колку и да сакал некој да му помогне на криминалецот, тоа нема да може да го стори, затоа и граѓаните треба добро да ги следат јавните анкети за Деталните урбанистички планови,“ велат луѓе од урбанистичката фела,Мафијата го намалува квалитетот на градбата Упатените во градежништевото велат дека работите споредено со минатите години се промениле, па во последно време можностите за криминал во градежништвото се намалени. Учесниците во урбаната мафија обично се луѓе кои во градежниот бизнис влегуваат еднократно или двократно, а работата ја сметаат за трговска зделка од која може лесно да се збогатат, коменитраат урбанистите.
„Свеста кај нив е на пониско ниво, не им е важно каков ќе биде кавалитетот на градбата и каков квалитет на домување ќе му приредат на граѓанинот, туку нив им е важно како еднократно да имаат заработка. Тоа е опасноста, а тоа не може да се заштитиме оти секој може каде сака да го вложи својот капитал.Тука не е виновен само тој што бара, туку и тој што дава, е сега тој што дава се повеќе субјекти, а тој што бара е еден, тука е планерот урбанист оперативниот урбаниста и крајно општинскиот совет. Проблем кај нас е што се ставаат советници кои многу малку ја разбираат оваа проблематика и областа за која се повикуваат да гласаат. Не може да нема советник стручен за урбанизам, правни работи, транспорт, комуналии, тие мора да бидат стручни, бидејќи сето тоа го злоупотребуваат инвеститорите. Нашите советници не се доволно остручени и запознанени за проблематиката за која што гласаат, и затоа некои се осудуваат да злоупотребат, ако има стручни советници кои ќе знаат како да ја прочитаат намената нема да дозволат да помине планот. А, мафија не е еден човек, туку повеќе луѓе, објаснуваат урбанистите.За бизнис интереси плановите се менуваат преку ноќ и по неколку пати Извори за Фактор од градежниот сектор велат дека урбаната мафија има сила бидејќи е поврзана со секоја политичка гарнитура што е на власт, па така како што објаснуваат урбанистите некои работи им поминуваат низ прсти, а ДУП-вите се менуваат и по неколку пати, некогаш и преку ноќ, притоа гледајќи само од аспектот на личните бизнис интереси, а не на потребите на граѓаните. Ј.С.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Исповед на Надалина, ќерката на актуелниот градоначалник на Кочани која ја преживеа трагедијата: Последната слика на која се сеќавам е луѓе како врескаат, обидувајќи се да излезат
(ВИДЕО) ОГРОМНА ПУКНАТИНА ВО ЛИПКОВО: Жителите се вознемирени
Прекршочна за Менди Ќира и Општина Струга: На прославата за Денот на алабнското знаме изостана македонското знаме
ЛЕКОВИ, ЦИГАРИ, ЖЕСТОКИ ПИЈАЛОЦИ, ЌИЛИМИ - Цариниците со голема заплена, еве каде биле скриени предметите
КАКО ЌЕ ВОЗАТ АВТОБУСИТЕ НА ЈСП ВО ПОНЕДЕЛНИК? Еве како празнично ќе се работи
Се огласи Зоран Заев: Никола, до сега ќе си го одлежеше затворот и ќе беше слободен во Македонија
„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“
КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“
ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите





