Што газдата на струмички „Грозд“ ќе си продаде сам на себе за пола милион евра?
Објавено во: Економија 21 Април, 2021 07:52
Наскоро акционерското друштво „Грозд“ на својот доминантен газда Васе Митев (поседува директно и преку фирма над 90 отсто од акциите) ќе му продаде над 2.700 квадрати градежно земјиште и уште 920 квадрати станбен простор и објекти од лесна индустрија за 470.000 евра во скопска „Кисела Вода“. И за тоа ќе се гласа на претстојното акционерско собрание на „Грозд“ во кое Митев контролира речиси 91 отсто од акциите, а 40 домашни физички лица поседуваат 9 отсто... И тука нема лицитација ниту наддавање туку зделка со заинтересирана страна што треба да да одобрат акционерите! Ќе го следат ли овој пример и други газди на акционерски друштва?
Нов корпоративен преседан во македонската двоипол децениска корпоративна историја. Овој пат фирма продава недвижен имот (земјиште и објекти) во Струмица и во Скопје на својот доминантен сопственик. Сопственикот – домашни физичко лице ќе плати нешто повеќе од 550.000 евра на својата фирма.
Станува збор за познатиот струмичкиот бизнисмен Васе Митев во својство на купувач и неговата компанија „Грозд“ прочуена по македонскиот алкохолен пијалок „мастика“ овој пат во својство на продавач. Станува збор за трансакции на недвижности (имот и земјиште) на две локации во Струмица и нејзината околина и на недвижности во скопската општина Кисела Вода.
Во скопската општина која е синоним за градежна експанзија последниве десетина години Митев од својата фирма „Грозд“ ќе купи две станбени единици од по 112 квадратни метри и уште објект од лесна индустрија со квадратура од 696 метри. Тука во Кисела Вода „Грозд“ на Васе Митев ќе му продаде и две градежни изградени земјишта со вкупна квадратура од 2.737 квадратни метри.
Во истата предлог одлука за која ќе гласаат акционерите на „Грозд“ на 26 мај годинава ќе бидат продадени и земјиште и објекти во струмичката катастарска општина кои се опишани во предлог одлуката достапна на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=54452 во точката одлука за отуѓување.
Износите се утврдени врз основа на проценки на независни надворешни стручни лица. Сепак друштвото не ги продава имотите на лицитација или на јавно наддавање со прибирање понуди туку во директна спогодба со својот доминантен газда Васе Митев.
Васе Митев поседува 75,14 отсто од акциите со право на глас во „Грозд“, а преку неговата фирма „Адинг – Градба“ од Струмица поседува уште 15,9. Според официјалната евиденција 40 домашни физички лица поседуваат 9 отсто од компанијата и нивните гласови ќе решаваат во оваа ситуација.
Митев преку „Грозд“ е доминантен сопстевник и на „Струмичко поле“ во кое поседува 99 отсто од акциите. Лично е сопственик и на 87,8 отсто од акциите на струмичката земјоделска компанија „Оранжерии Хамзали“.
Р.Ф.* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
ПО ИНЦИДЕНТОТ СО ТУРЦИ ВО ПОДГОРИЦА: Во ноември, секој ден се затвораше по една турска компанија
Цената на кафето расте, но луѓето не се откажуваат од својот омилен напиток
Како да се одреди вистинската плата за новoто работно место?
Германија тоне во најлошата криза од 1945 година, индустријата се соочува со проблеми
Цени во најсеверната продавница во светот, поевтино е од САД
Хрвати се иселиле во Полска, тврдат дека земјата е драстично подобра од Хрватска
Обидот за увоз на берачи од Бангладеш и Пакистан не успеа во соседството
БДП СЕ ЗГОЛЕМИ ЗА 3.8 ОТСТО: Кои сектори се со најголем раст?





