Што и да има во бомбите за „Монструм“ вистината мора да се открие
Објавено во: Анализа 04 Октомври, 2017 07:12
Случајот Монструм наместо да добие завршница пред Врховниот суд доби сосема нов правец на настаните откако јавната обвинителка Лилјана Спасовска која го водеше предметот побара да се врати на повторно судење, да се прифатат жалбите на обвинетите за неоснованост на доказите, но најмногу улога одиграа тврдењата за постоење на „бомби“ односно прислушкувани разговори поврзани со масакрот кај Смилковското езеро во Скопје.

Ако се навратиме наназад во 2015 година кога Зоран Заев започна со објавата на „бомбите“ почнаа шпекулациите дека постојат прислушкувани разговори токму за настаните околу Велигденскиот масакр во кој беа убиени четири млади момчиња од Радишани и еден рибар од Црешево кој бил сведок на грозоморниот настан.
Се вртеа разни теории за тоа кој навистина го нарачал убиството на момчињата на Велики четврток, се повеќе се создаваше атмосфера дека обвинетите и осудените во првична постапка на доживотен затвор дека се невини, но вистината никогаш не излезе на виделина.
Самиот предмет Монструм има и политичка димензија бидејќи албанските партии побараа меѓународна помош и независна истрага тврдејќи дека невини лица лежат во затвор, но да не заборавиме албански функционери и политичари застанаа зад Јанкуловска и Мијалков во моментот кога беа соопштени првичните информации за апсењата и истрагата против извршителите.
Јавноста заслужува да ја дознае вистината за „Монструм“, правда мора да има како за семејствата на убиените, така и за тие кои наводно неправедно лежат во затвор доколку тоа се докаже во правно издржана процедура со доволно докази.
Заев пред парламентарните избори не сакаше да ја објави „бомбата“ за Монструм велејќи дека содржината е чуствителна и треба судски да се решава, па еве шанса тоа навистина да се случи, секако ако не дојде до некаков нов политички притисок и обид за заташкување на случајот.
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





