20 Декември, 2025
0.0542

„ШТО И ДА СЕ ОБИДАМ ДА ПОПОРАВАМ, УСПЕВА ДА ЗЕЗНЕ“: Милановиќ за Додик „му велам да реагира смирено, но...“

Објавено во: Балкан 07 Септември, 2024 17:13

Добивај вести на Viber

Претседателот на Хрватска Зоран Милановиќ го коментираше потегот на Милорад Додик да ги вклучи Ратко Младиќ и Радован Караџиќ како воени херои во учебниците.

„Што и да се обидам да поправам, тој успева да го зезне. Тој е соговорник на сите босански Хрвати во политиката. Додик премногу калкулира и си игра со оган. Сосема непотребно“, рече тој.

„Секогаш му велам да се смири. Му се јавувам, не многу често, но... Се слушаме, му велам да се олабави малку“, додаде Милановиќ.

Тој се осврна и на посетата на Андреј Пленковиќ на Босна и Херцеговина.

Милановиќ рече дека тој и премиерот на Хрватска мора да се договорат како да им помогнат на Хрватите во Босна и Херцеговина да ги вратат нивните основни права бидејќи политичкото Сараево и неговите спонзори, Канцеларијата на високиот претставник и САД, не се заинтересирани за тоа. 

Милановиќ ја коментираше дводневната посета на премиерот Андреј Пленковиќ и изјави дека „конечно зел апче за храброст“ штом зборувал за нееднаквоста на Хрватите.

„Пленковиќ веќе два дена е во Босна и Херцеговина, конечно се напи апче за храброст и кажа нешто за пресудите Сејдиќ-Финци, за тоа како Хрватите не можат да изберат свој член на Претседателството и свој член, што секако , го опструира нивното политичко Сараево и тоа сите добро го знаеме“, рече Милановиќ. 

Тој потсети дека веќе шест години зборува за тоа што е можно потивко и гласно, пренесуваат медиумите во соседството.

„Пленковиќ конечно доби храброст да го каже проблемот и заклучи дека другите земји ќе бараат повеќе и ќе се жалат повеќе од Хрватска. А тоа е ставот на премиерот“, рече претседателот.

„Мораме да се договориме што да правиме за овие луѓе. Политички Сараево и неговите спонзори, тоа е Канцеларијата на високиот претставник и американската амбасада, не се заинтересирани за Хрватите од Босна и Херцеговина, туку за тоа кој е шефот на тајната служба и како соработува со Американците во сузбивањето на милитантниот ислам тоа е единственото нешто што ги интересира“, истакна Милановиќ. 

Тврди дека односот на „тимот“ од СДА и политичко Сараево кон Пленковиќ е ист како и кон него.

Фото: Принтскрин/Твитер

Можеби ќе ве интересира

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби

Косово купува моќно американско оружје

Косово купува моќно американско оружје

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

ВИДЕО: Клоци и боксови со Собранието на Бугарија

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација

Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација