15 Декември, 2025
0.3713

Што и се случи на Полска за првпат по повеќе од 30 години?

Објавено во: Свет 14 Август, 2014 14:39

Добивај вести на Viber

Првпат по најмалку три децении Полска влезе во дефлација, што значи дојде до општ пад на цените во оваа земја. Потрошувачките цени во јули годинава во однос на истиот месец лани се намалиле за 0,2%, објавија полските статистички служби. Според економистите, дефлациониот тренд во следните месеци дополнително ќе се продлабочува и тоа под притисок на пад на цените на домашниот пазар заради забраната за извозот во Русија. Само месец претходно, во јуни, полската инфлација падна на нула. Полската економија сега за првпат влегува во дефлација по 32 години, кога за првпат била воведена важечката методологија за следење на цените. Податоците за дефлацијата го зголемија притисокот за натамошно намалување на каматните стапки. Сепак, полската Централна банка која ја следи таргетираната инфлација од 2,5% не е подготвена во овој момент да ја намали референтната каматна стапка од сегашниот рекорден минимум кој изнесува 2,5%. Сепак, според економистите, руско-украинската криза и падот на полскиот извоз ќе влијаат на слабеење на економијата, што централната банка на крај ќе ја принуди да преземе акција.

Можеби ќе ве интересира

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

Украина добива гаранции од САД слични на Член 5 од НАТО?

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Мароко брои жртви, по седум години суша се борат со поплави

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

(ВИДЕО) Украина тврди дека со подводни дронови погодила руска подморница

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Што прави семејството на Башар ал Асад во Русија?

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Мерц го спореди Путин со Хитлер: „Тој нема да застане“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Терористот од Сиднеј бил член на српски ловечки клуб: „Не сум го видел повеќе години...“

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Дали повлекувањето на Украина од НАТО ќе го промени текот на мировните преговори?

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Татко и син извршија масакр на плажа во Сиднеј, убиени 16 лица

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете

Бројот на жртви во нападот на плажата Бонди во Сиднеј се искачи на 16, вклучувајќи и дете