25 Мај, 2024
0.0283

Што им порача Тоскас на пратениците на Златна зора, Нова демократија и Комунистичката партија за Македонија?

Објавено во: Македонија, Балкан 07 Февруари, 2019

Добивај вести на Viber

Известувачот од владејачката СИРИЗА на Комисијата за национална одбрана и надворешни прашања во грчкиот парламент, Никос Тоскас ги повика пратениците да го прифатат законот за ратификација на Протоколот за НАТО. 

Тоскас, за нацрт законот за ратификација на Протоколот за членство во НАТО, вели дека „се спроведуваат чекорите и обврските на грчката страна согласно предвиденото од веќе одобрениот од Парламентот, Договор од Преспа“  и им се обрати на сите пратеници независно од партиската припадност и ставовите, да гласаат „за“, јави дописничката на МИА од Атина.

Пратеникот од СИРИЗА кажа дека главниот критериум за гласање на Протоколот е „да размислиме ние, како претставници на народот и на нацијата, како сакаме соседната земја да се вклучи во глобалниот систем и локално на Балканот под постоечките меѓународни корелации, со реализам и без апстрактни форми и идеали“.

„Ги повикувам сите колеги, независно од партиската линија и послушност, да го прифатат овој нацрт договор кој е обврзувачка последница и предуслов од Договорот од Преспа, што ги имплементира нашите национални интереси, кој ја стабилизира и надградува улогата на нашата земја во поширокиот регион на Балканот и на Источниот Медитеран“ – изјави Тоскас.

Тој им се обрати на пратениците од Комунистичката партија на Грција, од Златна зора и Нова демократија, за нивните позиции во однос на Договорот од Преспа.

Како што е најавено, со ратификацијата на протоколот за НАТО во грчкиот Парламент, македонската Влада веднаш треба да ги извести сите меѓународни организации и држави дека земјата има ново име Република Северна Македонија.

Македонија вчера го потпиша Протоколот за НАТО.

Можеби ќе ве интересира

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Им се расипал автомобилот на Осоговски планини, па барале помош

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Ореовец ќе се радикализира од понеделник против минирањето на „Бехтел и Енка“

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Уапсениот судија Наќе Георгиев се жали дека е наместен со понудениот поткуп

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Весна Јаневска и актерот Љутков кандидати за министри во новата влада

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Владиката Петар: Се виде дека барањата на Цариград не се канонски, туку политички

Новата влада најавува реформи во образованието

Новата влада најавува реформи во образованието

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Мицкоски: Заклетвата на претседателката ги крена сите на нозе, а нашето чекање никој не го коментира

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

Непозната миризба ги затвори хируршките сали во „Мајка Тереза“

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник

„Вреди“ пукал во Ларце по освоениот пратеник