18 Декември, 2025
0.0537

Што им порачува независната ревизија на малите акционери во кумановски ФЗЦ „11 Октомври“?

Објавено во: Економија 11 Декември, 2020 07:09

Добивај вести на Viber

Нов момент во нашата 25 годишна корпоративна историја : околу 1.500 домашни физички лица – мали акционери во ФЗЦ „11 Октомври“ идниот петок ќе одлучуваат за зделка вредна 50 милиони евра во која се вклучени ФЗЦ и нивниот најголем акционер Тони Каранфиловски преку три семејни фирми од кои две се акционери и во ФЗЦ поседуваат речиси 60 отсто од акциите

Независнаа ревизија им препорачува на малите акционери на кумановската индустрија за заварени цевки и профили да гласаат позитивно за предлогот за голема зделка со заинтересирани страни вредна 50 милиони евра во која гаранции кон банката за работата даваат три друштва кои се во директна или семејна сопственост на Тони Каранфиловски.

На 18 декември е закажано акционерско собрание на АД „11 Октомври“ од Куманово на кое акционерите треба да гласаат за предлогот за зделка со заинтересирана страна чија вредност достигнува 50 милиони евра. Станува збор за изработка на производи во ФЗЦ „11 Октомври“ за  кои материјал набавува и потоа ги откупува еден од акционерите т.е. „Квалитет – пром“ од Куманово и вредноста на тие трансакции треба да изнесува над 40 милиони евра. „Детоил“ од Куманово во зделката учествува како продавач на нафтени деривати на ФЗЦ вредни 2,5 милиони евра, а исто така ќе бидат гаранти за ФЗЦ „11 Октомври“ пред една деловна банка за кредит во износ од 2 милиони евра. Во зделката учествува и кумановската градежна фирма „Рапид Билд“ со договор за деловно техничка соработка со фЗЦ вреден 2,5 милиони евра. Четирите друштва меѓусебно се гаранти за два кредити во вкупна вредност од 4 милиони евра пред една домашна деловна банка.  

Оваа процедура е законски задолжителна и според неа мора да се ангажира независна финансиска ревизија за да изготви „Извештај за ангажман за уверување во постапка за гласање за голема зделка со заинтересирана страна“. Ангажирана е „Бенд ревизија консалтинг“ од Тетово која утврдила дека зделката е во согласност со законските прописи,  дека зделката е фер од аспект на вредност според пазарните услови. Како ризик фактори до малите акционери тие ги воочиле следниве: флуктуација на цени на готови производи и на суровини се резултат на глобална понуда и побарувачка за челик, ограничена конкуренција со капацитети за производство на челични производи во земјава како и можна зависност од мал број добавувачи и купувачи во земјава меѓу кои најголем е „Квалитет Пром“ нивниот најголем поединечен акционер.

Целиот извештај на независната ревизија е достапен за сите заинтересирани на следниот линк https://www.seinet.com.mk/Default.aspx?lang=MK&docID=53014

Во ФЗЦ „11 Октомври“ Куманово најголеми акционери се : „Квалитет ПРОМ“ фирма во сопственост на Тони Каранфиловски, која поседува 52,4 отсто од ФЗЦ и „Рапид Билд“ која поседува 9,15 отсто од акциите со право на глас. Во „Рапид Билд“ сопственици се „Квалитет Пром“ и “Детоил“ (во која сопственици се браќата Дејан и Тони Каранфиловски) . Околу 35 отсто од акциите во ФЗЦ „11 Октомври“ поседуваат речиси 1.500 домашни физички лица – мали акционери кои всушност на претстојното собрание ќе го имаат решавачкиот глас за претстојната зделка вредна 50 милиони евра.

Р.Ф.

Можеби ќе ве интересира

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

ЕБОР: Рекордно ниско ниво на лоши кредити во Централна, Источна и Југоисточна Европа

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

На бензинските пумпи се појави нов вид гориво: Ќе се испорачуваат со „розови пиштоли“, а ќе може да се користи во сите автомобили

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Планирате патување на одмор? Овие аеродроми во Европа ќе штрајкуваат до крајот на годината

Германија ги заострува условите за социјална помош

Германија ги заострува условите за социјална помош

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

Руски министер кажа колкав процент од БДП потрошиле за војната во Украина

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа

(ВИДЕО) АВСТРАЛИЈАНЕЦ СЕДУМ ГОДИНИ СОБИРАЛ АМБАЛАЖА: Заштедил за куќа