05 Декември, 2025
0.0355

ШТО КАЖА ДОКТОРКАТА ОД ДЕРМАТОЛОГИЈА КОЈА ДРЖЕЛА ПРЕДАВАЊЕ ВО УЧИЛИШТЕ: Имам ниско ниво на ризик, но да знаев, ќе го откажев

Објавено во: Македонија 10 Март, 2020 09:43

Добивај вести на Viber

Општина Карпош вчера на својата веб страница ја објави интегралната изјава на д-р Кујтиме Мехмети, вработена на Клиниката за дерматологија, која минатата недела одржала предавања во ООУ „Братство”.

Оттаму велат дека се постапува согласно сите здравствени протоколи, во координација со Министерството за здравство. За жал, ова се е резултат на неодговорниот пристап на еден човек - доктор.

„Јас др.Кујтиме Мехмети вработена во Клиниката за Дерматологија во моментот сум во добра општа здравствена состојба, без никакви симптоми и сум во домашна изолација 14 дена, како и сите останати вработени во Клиника за дерматологија. Предавањето во ООУ „Братство” го одржав на ден 03.03.2020 (вторник).

Во понеделник, 02.03.2020 со директорката на Клиниката за Дерматологија не сум била во близок контакт. Во вторник директно отидов во ООУ „Братство”, каде и предавав за договореното предавање, па потоа отидов на работа.

Имајќи предвид дека во понеделник не сум била во близок контакт со диркторката на Клиника за дерматологија, според протоколот: Категории на ризик според експозиција поврзана со меѓународни патувања, или контакт со потврден случај, спаѓам во група на низок ризик!“, пишува докторката Мехмети.

Натаму таа додава дека каково е нивото на ризик.

Географска експозиција (Патници):
Експозиција на контакти со потврден случај
НИСКО
(претпоставува дека не постои тип на експозиција во категоријата на висок или среден ризик!)
Патници кои доаѓаат од:
• земји каде има поединечни случаи
Случаен контакт со потврден случај:
Лице кое имало контакт со случај на растојание поголемо од 2 метри или пократко од 15 минути

Лице кое било во затворена просторија со случај (на пр. училница, сала за состаноци, чекална во болница, автобус, итн.) на растојание поголемо од 2 метри и пократко од 15 минути

Сопатник кој седи на растојание поголемо од два реда во било која насока.

Таа наведува дека јавно здравствени мерки при ниско ниво на ризик, се следење на симптоми.

А во случај на симптоми се постапува на следниов начин.

Самоизолација и се јавува телефонски на здравствени служби според препораки за патници.
1. Дневно само-мерење на температура и следење на симптоми
2. Одржување на социјална дистанца
3. Во случај на симптоми се јавува телефонски на здравствени служби според препораки за патници

„Жалам за настанатата состојба, ве разбирам за загриженоста бидејќи и јас ќе реагирав на ист начин. Верувајте дека ако имав и најмала информација дека сум била во контакт со личност која е заболена, немаше да дојдам на предавањето и истото ќе го откажев“, вели др. Кујтиме Мехмети.

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

„АКО ИТАЛИЈА СЕ СПРАВИ СО КОЗА НОСТРА, МОЖЕМЕ И НИЕ СО МАФИЈАТА НА ВМРО-ДПМНЕ“: Филипче најави „бомби 2.0“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

КРИВИЧНА ПРИЈАВА ЗА ДИРЕКТОРКА НА СРЕДНО УЧИЛИШТЕ ОД ДЕЛЧЕВО - МВР ја товари за „фалсификуван тест за англиски“

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

ЕУ ДА ИЗВРШИ ПРИТИСОК ВРЗ ТИЕ ШТО ГО БЛОКИРААТ ПРОЦЕОТ НА ПРОШИРУВАЊЕ: Николоски - Македонија одамна засужила да ги почне преговорите

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

САД го прошируваат списокот на земји на чии граѓани им се забранува влез

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

„БЕДА НА БАТЕРИИ“: Дуковски го нарече Фрчкоски политички шанер и блефер

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

КАКО ЌЕ КАЗНУВА ПОЛИЦИЈАТА СПОРЕД СЕЈФ СИТИ? Имате „шанса за помилување“ само ако се борите за живот

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ДО КАЈ СИ СО КИТЕЊЕТО?“Клучна реченица која го одразува владеењето на ВМРО ДПМНЕ, вели Фрчковски

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

„ЗАЕВ ЈА ФИНАНСИРА ВОЈНАТА ВО УКРАИНА“: Груевски со шокантни обвинувања до екс премиерот на Македонија

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип

(ВИДЕО) ЈОРДАНОВ СЕ ПОФАЛИ: Еве како новогодишно го украси Штип