05 Мај, 2024
0.0231

Што ќе јадеме по 20 години? Инсекти, алги и храна обработена со звук

Објавено во: Стил 15 Август, 2015

Добивај вести на Viber

Цената на месото може да се удвои во текот на следните десет години и да се претвори во луксузна стока, прогнозираат футурулозите. Што ќе јадеме тогаш?

Инсектите ќе се главна храна на иднината

Инсектите, или како што се нарекуваат мини храната, во иднина ќе се претворат во главно јадење во нашето мени. Инсектите имаат истата хранлива вредност како и обичното месо и се одличен извор на протеини, според истражувачите на Универзитетот во Вагенинген од Холандија.

Инсектите се одгледуваат полесно отколку животните. Консумираат многу помалку вода. Плус тоа има околу 1400 видови на инсекти кои човек може да ги јаде.

Футурологот Морган Гај тврди дека хамбургерите и колбасите од инсекти би биле слични на оние кои се направени од месо.

„Инсекти, како скакулци пример, ќе бидат мелени и ќе бидат додадени како состојка во хамбургерите и колбасите“, тврди Гај.

Холандската влада веќе започна проект на фарми за инсекти кои може да се вметнат во секојдневната храна на луѓето. Голем дел од човечката популација денес секојдневно троши инсекти. Пеперутките се популарни во Африка, оските се деликатес во Јапонија, а црвите секојдневно се подготвуваат во Тајланд.

Храната на иднината ќе се подобри со пијалок од звучни бранови.

hrana

Познато е, а и документирано дека изгледот и мирисот на храната го одредува вкусот, но влијанието на звукот претставува целосно ново поле, што претстои да биде истражено. Неодамна е спроведено истражување на Универзитетот во Оксфорд, покажало дека одредени нивоа на звучни тонови, можат да ја направат храната слатка или горчлива.

Студијата, која ја одржал Чарлс Спенс, професор по експриментална психологија, покажала дека е можно да се адаптира вкусот на храната според карактеристиките на звучните бранови.

„Сеуште не сме сигурни што се случува во мозокот, но нешто се случува и доста сме возбудени, ќе имаме можност да разбереме за што станува збор“, изјавил Чарлс Спенс.

Готвачот Хестон Блументал експриментирал со комбинација на звуци и храна, а во неговиот ресторан Фат Дјук е можно да нарачате јадење „Звукот на морето“, кое се служи со мобилен „iPod“, кој го пушта звукот на морето. Овие звуци ја прават храната свежа.

Оваа технологија може да стане прилично важна, поради можноста храната да биде здрава. „Знаеме дека некои идеи можат да ја направат храната поздрава, што значи дека може да го намалиме количеството на шеќер во јадење“, изјавил Расел Џонс, еден од истражувачите.

Многу компании го користат односот помеѓу звукот и храната. На пример една компанија го промени материјалот од кој се прави ќесето за чипс, со таков кој издава мрачен звук со самото отворање, што доведе до тоа луѓето да го согледаат и самиот чипс за крцкав.

Месо од лабораторија во иднина

На почетокот на оваа година, научниците од Холандија успешно создадоа вештачко месо, кое според нив би можело да биде одговор на растечката потреба од храна. Но месото, создадено на таков начин не е воопшто поевтино. Сепак, експертите сметаат дека во овој случај, животните, земјата, водата, енергијата и целата планета би имале голема корист. Ова вештачко месо се прави со помош на матични клетки да ги земени од мускулното ткиво на животните.

Алгите се решение за да го нахранат човештвото

Иако се наоѓаат на дното на синџирот на исхрана, алгите би можеле да претставуваат решение за секаде каде што има недостиг на храна во светот. Со алгите можат да се хранат и луѓето и животните. Луѓето од индустријата сметаат дека стопанството од алги наскоро може да стане многу популарно, кога станува збор за храната, со оглед на тоа дека алгите растат со неверојатна брзина.

Како и инсектите, алгите би можеле да се воведат во нашето секојдневно мени.

Научниците од Универзитетот во Шефилд користат алги како замена на лебот во процесуирана храна. Алгите поседуваат интезивен вкус, но и не мал процент на сол, од што следува зголемување на крвниот притисок. Истражувачите веруваат дека морската трева може да замени бројни производи како и готови јадења, колбасите и сирењето.

Во светот има над 10.000 различни видови алги, и секоја од нив поседува специфичен вкус.