Што ќе поскапи во Грција?
Објавено во: Балкан 17 Јули, 2015 10:40
После постигнатиот договор меѓу Атина и кредиторите, нашиот јужен сосед ќе претрпи ценовни измени и зголемување на ДДВ-то од 13 на 23 отсто, со што одредени храни и услуги во супер маркетите ќе забележат поскапување .
Ќе скокнат и цените на билети во градскиот сообраќај , такси тарифи, билетите за возовите и авио билети за внатрешни дестинации за 23 одсто, додека шеќерните производи, безалкохолни пијалоци, сокови, конзервирана храна, чоколади, кафе, растителни масла, маргаринот и путерот од животинско потекло, а исто школарината, поправачките услуги и слично ќе поскапат за 8 одсто.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/07/11/kakva-e-sostojbata-vo-grtsija-dali-sega-e-najdobro-vreme-da-letuvate-tamu/" target="blank" ]Каква е состојбата во Грција? Дали сега е најдобро време да летувате таму?[/button]
Сепак, ценовни промени нема да претрпат селско-стопански животни, месо, риби, растителни семиња, маслиново масло, вода, електрична енергија, природен гас, товарни возила, контрацепција, ортопедски материјали, опрема, земјоделски, социјални и погребални услуги, а исто престој во хотели, паркинзи, кампови , и за нив останува досегашната стапка од 13 проценти ДДВ.
Каква е состојбата во Грција? Дали сега е најдобро време да летувате таму?
Без разлика на сите проблеми, постои можност ова да биде една од најдобрите сезони во Грција и 2015 да биде запамeтена по рекорден број туристи.
Грчката криза истовремено претставува мамка но и камен за сопки на туристите, па се очекува 2015 година по бројот на туристи да биде рекордна доколку економските прилики во земјата не ги обесхрабрат странските туристи.
-Ако сакате да и помогнете на Грција, тогаш поминете го одморот таму – пишува британски Гардијан.
-Времето е фантастично во Грција во овој период од годината, археолошките знаменитости ги има во изобилие, плажите се магични, храната е здрава. Цените се значајно пониски од обично. Туризмот се пари, туризмот е солидарност – напишаа некои британски медиуми.
Американскиот онлајн магазин Вокс, исто така потсетува на тоа дека цената на труд , со оглед на економската ситуација во земјата, е ралативно ниска, поради големиот број на работна сила на располагање која остана без работа како последица на застојот во индустријата.
Цените на туристичките аранжмани би можеле уште да паднат поради откажувањата од патување на одреден број странски туристи исплашени поради случувањата во Грција.
Германското здружение за туризам оценува дека воведувањето на нова валута во Грција не би имало никакво влијание на организираните патувања кои веќе се резервирани.
-Дури и во случај да ја променат валутата, предвидено е еврото да биде прифатено како платежно средство во Грција – објаснуваат германските претставници за туризам.
Пред неколку дена од грчката амбасада соопштија дека патниците кои веќе резервирале , и оние кои размислуваат да патуваат во Грција, дека состојбата во оваа земја во моментов е најнормална. А по повод пишувањата во медиумите велат:
„Оние кои во моментов се во Грција или оние кои во иднина планираат да ја посетат, им соопштуваме дека мерките за ограничување на контролата на капитал која ја одреди владата на Грција не се однесуваат на оние кои сакаат да извршат трансакции или повлекување пари од банкомати, користејќи дебитни или кредитни картички издадени во странство.
Додатно е напоменато дека постојат апсолутно доволно залихи на гориво, како и останати услуги и производи, кои обезбедуваат нормално функционирање на нејзините гости како и во градските средини, така и во внатрешноста и на островите.
Грција и понатаму гарантира за висок квалитет на услуги кои ги нуди за своите посетители, кои ја поставија меѓу врвните туристичкки дестинации во светот.
[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/06/30/pochnete-da-se-pakuvate-ova-se-prichinite-poradi-koi-morate-na-odmor-vo-grtsija/" target="blank" ] Почнете да се пакувате: Ова се причините поради кои морате на одмор во Грција![/button]
Беше наведено дека на туристите кои веќе се наоѓаат таму но и на оние кои планираат да одат, настаните нема воопшто да влијаат, и тие можат да продолжат да уживаат во летувањата во Грција без апсолутни проблеми“.
Македонците кои во голем број летуваат кај јужниот сосед, велат дека нашите туристи не креваат голема паника, бидејќи главно носат кеш и трошат онолку колку што понеле со себе.
Од туристичките агенции велат дека нема откажувања на аранжмани, ама дека оние што веќе уплатиле доаѓаат и се информираат за состојбите во Грција. Аранжманите уплатени преку „Атлантис“ и „Савана“ се и понатаму активни, информираат од овие две агенции и посочуваат дека доколку постојат било какви проблеми што би ја нарушиле комоцијата на нашите летувалци, тие самите ќе ги побараат и ќе ги информираат. Позитивни информации добиле и од туристите кои во моментов се во Грција, кои не се пожалиле дека актуелните случувања кај јужниот сосед влијаат на нивниот одмор. Нашите агенции деновиве постојано се во контакт и со своите грчки партнери, кои потврдуваат дека престојот на туристите во земјата минува без проблеми.
„Нашите туристи најчесто летуваат во апартмани и студија, кои главно се веќе платени. Дестинациите се блиски, најчесто на Халкидики, што значи дека немаат потреба да точат гориво. Што се однесува до парите, ги советуваме да имаат готовина со себе, иако платежните картички можат да ги користат секаде, во ресторани, маркети“, велат од повеќе туристички агенци.
За разлика од нашите, странските туристи, како Италијанците, Британците, масовно ги прекинуваат аранжманите и после само неколку дена поради самиот хаос кој владее во Грција. Дел од туристите велат дека забележале дека се точи бензин од мини цистерни, буквално на улица.
Не само грчките туристички работници и Здружението на извозници од Грција проценува дека загубите на нивните членки се 80 милиони евра неделно и оти оваа недела како и следната извозот ќе се намали за седум отсто, а увозот за 28 отсто.
Туризмот е од витално значење за грчката економија која во моментов речиси целосно е во застој. Тој претставува речиси 20 одсто од бруто домашниот производ на Грција.
Еве како се движат цените во Ситонија:
„Во Сарти, и останатите места на Ситонија состојбата не е промената. Снабдевањето во маркетите е апсолутно непроменето. Цените се исти како што беа, и нелогичностите кои се наведуваат за поскапувањето после кризата служат само за сензационализам во медиумите и целосно ги демантирам“ вели за Фактор моментален турист во ова место.
Како пример ни ги наведоа некои од цените во Сарти кои варираат во зависност од местото и услугата. Цените важеле и до денес би можеле само да паднат, откако вчера Ципрас капитулираше пред кредиторите и прати нова листа на реформи која на изненадување беше оцента позитивно.
Цените се овие:
Кафе: 2-3 евра
Пиво: 2,5 – 4 евра
Гиро: 2,2 -2,8 евра
Вода: 1,15 – 1,55 евра за 6 флаши
Затоа ако решивте да одите за Грција и сакате да уживате на море и во долгоочекуваниот одмор после напорната работа, се надеваме дека убаво ќе си поминете, а ние ве советуваме да почнете да се пакувате.
Можеби ќе ве интересира
Вјоса Османи се пофали дека уште една земја го призна Косово
Што вели Рама за идејата на новите членки на ЕУ да им се ограничи правото на вето?
(ВИДЕО) Пратениците во албанското Собрание се тепаа и фрлаа чадни бомби
„МИНИСТЕРОТ НЕ ЗЕМА НИТУ ДИНАР“ Вучиќ: Обвинението против Селаковиќ е срамно и безобразно
„Њујорк тајмс“: Фирмата на зетот на Трамп - Кушнер се повлекува од договорот за изградба на хотел во Србија
Граничниот премин Богородица затворен за сообраќај
Потврден случај на лепра во Хрватска: Почната е задолжителна постапка за вакцинација




