Што ќе добие, а што ќе изгуби Хрватска од членството во ЕУ?
Објавено во: Балкан 04 Мај, 2013 09:13
Најголем дел од средствата се однесуваат на кохезиски средства- 449,4 милиони евра во обврски, 149,8 милиони евра во плаќања. Од износот во обврски 299,6 милиони евра отпаѓа на структурните фондови, а 149, 8 милиони евра на Кохезиските фондови. Структурните фондови служат за поддршка за регионите кои имаат висока стапка на невработеност, инфраструктурни и производствени инвестиции, развој на малите и средни претприемништва. Кохезискиот фонд финансира крупни инфраструктурни проекти кои имаат за цел унапредување на животната средина и развој на сообраќајната инфраструктура, како дел од трансевропската сообраќајна мрежа.
Во поглавјето за судство, слобода и безбедност, и државјанство, за Хрватска е предвидено 73 милиони евра во обврски и 42,2 милиони евра во плаќања. Најголем дел од овој износ е наменет за прилагодување кон шенгенските правила, поточно 40 милиони евра, пари кои ќе бидат реализирани веднас во оваа тековна година. Од буџетските поглавја за зачувување и управување со природните ресурси во кои спаѓаат земјоделство и рибарство, Хрватска ќе добие 10,2 милиони евра во обврски и 2,6 милиони евра во плаќања.
Членството во ЕУ носи ригорозни закони за земјоделското производство
Освен придобвките, најмногу во делот на парите што Хрватска ќе ги има на располагање од европскиот буџет, со нејзиното членство во унијата земјата се обврзува на почитување на строгите европски регулативи, кои понекогаш можат да бидат погубни за граѓаните.
Така последната уредба на Европската комисија, а која што се однесува на користењето на семенски материјал, предизвика лавина реакции кај еколошките организации во Хрватска. Според новата уредба, хрватските земјоделци по влезот во ЕУ ќе мора да употребуваат исклучиво стандардизирани и унифицирани семиња, што значи дека користењето на старите, ретки и автохтони сорти од земјоделски култури ќе биде строго казниво, дури и ако се употребуваат за сеење и садење во приватни градини за сопствена употреба.
На ваквата уредба која ЕК во понеделник ќе ја предаде на Европскиот парламент, остро реагираа хрватските еколошки здруженија кои ги повикаа земјоделците и сите граѓани да потпишат петиција за да се промени ваквата уредба. Како што пренесува хрватски Нови лист, од Еко мрежата тврдат дека на овој начин голем број на сорти од овошја и житарици ќе исчезнат.
- За да се спречи донесувањето на оваа нова регулатива, ве повикуваме да потпишете петиција. Со петицијата сакаме да истакнаме дека со новата уредба на ЕУ за семенскиот материјал, голем дел од пазарот ќе се препушти на рацете на мал број корпорации од семенската индустрија, што е недозвливо. Новата регулатива за семиња треба да дозволи разводност на сортите, сорти за одгледување на мало и еколошко производство. Разновидните сорти треба да бидат достапни не само во ген-банките туку и на отворениот пазар без никакви бирократски ограничувања- изјавуваат од Еко мрежата.
Со петицијата се бара да се намалат критериумите за запишување на сорти погодни за органско земјоделство, а пред се поради вредноста на нивната разновидност и на тој начин хрватското земјоделство да се прилагоди кон климатските промени, новите болести и штетници. Како што пренесуваат хрватските медиуми, ниту постоечкиот закон за семенски материјал на ЕУ, ниту моментално достапниот нацрт закон, не ги исполнуваат тие барања. Тие претставуваат закана за разновидноста на семињата, а со тоа и на севкупното земјоделско наследство.
Исто така, според хрватските агроекономисти, ваките уредби претставуваат закана за одржливост на прехранбениот сектор, бидејќи постојат само за да и служат на агрохемиската индустрија. Благодарејќи на уредбата на ЕК, која ќе се применува и во Хрватска, автохтоните сорти, кои досега беа ослободени од европските правила, набрзо ќе исчезнат од полиците во малопродажбата. Тие кои нема да постапуваат според уредбата, ќе бидат строго казнети, а тие кои ќе сакаат да го регистрираат својот семенски материјал ќе се соочат со непремостиви бирократски бариери, особено ако се има во предвид дека регулирањето на регистрацијата на семенскиот материјал ги дискриминира автохтоните сорти во однос на индустриските семиња, со што се дикриминираат малите производители во однос на големите компании, поради што и еколошките организации предупредуваат на тоталното исчезнување на автохтоните семиња што набрзо ќе се случи.
Десеттина мултинационални компании го држат бизнисот со семиња во светот
Во моментов десеттина мултинационални компании држат три четвртини од пазарот со семенски материјал. Трите најголеми корпорации Monsanto, DuPont i Syngenta, контролираат 53 отсто од светскиот пазар за семиња. Големите компании дојдоа до овој резулатат на тој начин што ги купија речиси сите помали традиционални семејни семенари, па сега веќе и немаат конкуренција. Долго време автохтоните сорти од семиња, се трн во око на мултинационалните компании. Најнапред станува збор за големите производители на хербициди, односно хемиските компании, а потоа за производителите на семиња, кои заедно со нудење на своите семиња на земјоделците, паралелно им ги нудат и хирбицидите и хемикалиите без кои таа сорта не може да успее. Но, автохтоните сорти за разлика од овие високопродуктивните и интензивни сорти, се прилагодени на локалните услови. Освен што неспоредливо се повкусни и побогати со хранливи состојки, исто така зеленчукот и овошјето добиено од автохтони сорти не бара многу вода и заштитни ѓубрива, а не е ниту потребно употреба на голема количина на хемикалии, бидејќи се поотпорни на болести, што од друга страна го намалува ризикот за загадување на животната средина.
Како што пишуваат хрватските медиуми, најверојатно мултинационалните компании во овој случај имаат други интереси, кои сега и ЕК одлучи да ги уважи, која пак функционира како продолжена рака на големите мултинационални компании и капиталот, наместо во корист на сопствените грѓани. Всушност од ваквата уредба единствено ќе имаат корист мултинационалните компании, додека граѓаните поради економската криза во европските држави па и во Хрватска, се повеќе се ориентираат на производство на овошје и зеленчук за сопствени потреби, не само само за да заштедат, туку и поради здравјето. Но ЕК донесе одлука со која што ќе ги поткопа и ваквите напори.
Обработка Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
Отсечена главата на шестметарскиот споменик на Тито во Велење
„БАЈРОН“ ПРЕДИЗВИКА СЕРИОЗНИ ПРОБЛЕМИ И ПОПЛАВИ ВО АТИНА - училиштата затворени
ОГРОМНА ГУЖВА, СЕ ЧЕКА И ДО 12 ЧАСА: EES направи хаос на границите со Унгарија и Хрватска
Американски конгресмени бараат од Трамп да го стабилизира Балканот, имаат сериозни забелешки за Србија
ЕВЗОНИ ПОВТОРНО БЛОКИРАН - земјоделците од Грција продолжуваат со протестите
СТАН ВО НЕА ПОТИДЕЈА - ХАЛКИДИКИ ЗА 49 ИЛЈАДИ ЕВРА! Има поглед на море и големина од 60 метри квадратни
„Не добивме позитивна одлука за НИС“: Вучиќ објави дека рафинеријата во Панчево ќе запре со работа
ЕВЗОНИ ПОД БЛОКАДА: Нема ни влез ни излез од Грција
Софија во хаос по најмасовниот протест во последната деценија, најмногу настрадаа партиските канцеларии





