ШТО ЌЕ ДОНЕСАТ ИЗБОРИТЕ ВО САД: Ружин – победата на Трамп ќе биде шок и експлозија!
Објавено во: Македонија 08 Ноември, 2016
Она што кај нас е добра волја, во САД е обврска на политичарите за
изборно соочување пред јавноста, пред гласачите. Праксата на американските ТВ-дебати ја презедоа и останатите демократии.
Република Македонија е сиромашна за таквите јавни надмудрувања на најмоќните
носители на извршната власт – вели во интервју за “Фактор“ универзитетскиот
прфесор и дипломат Нано Ружин.
Дали САД ќе ја добие првата жена – претседател …
Фактор: Изборната реторика, во пакет со меѓусебни сериозни обвинувања меѓу претседателските кандидати Трамп и Клинтон, засили. Дали во изминатиот период сепак, Америка одржа лекција за тоа колку се важни предизборните соочувања и спротивставување на аргументи, и колку е ова значајно за одлука на гласачот?
Ружин: Телевизиските предизборни дебати или talk-show на американските председателски избори представуваат политички и медиумски настани почнувајки од 1960. Овој настан прерасна во обврска за претседателските кандидати иако тие не се предвидени во Уставот. со оглед дека за време на овие настани се изложуваат актуелните прашања со кои се соочуваат САД и нивните председателски кандидати. Некои од овие дебати имале и пресудно значење во влијнието врз расположението на гласачкото тело како што е случајот во 1960 помеѓу двајцата кандидати Џон Ф.Кенеди и Ричард Никсон. До изборите во 1976 дебатите на председателските кандидати не биле организирани и тоа повеке од идеолошките причини на Студената војна. Во 1976 на предлог на Женската лига на изибирачи, биле обновени ТВ-дебатите на кои се соочиле председателските кандидати, демократот Џими Картер и републиканецот Џералд Форд кои прифатиле серија од три дебати. Според мерењета на јавното мислење Џералд Форд поседувал голема предност но по неколку грешки за време на втората дебата Џералд Форд ја загубил предноста , така што изборите ги добил Џ.Картер. Сличниот преврат се случил по дебатите помеѓу Картер и Роналд Реган. Фаворизираниот Картер кој поседувал значителна преднос,ги загубил изборите по ТВ дебатата со Роналд Реган.
Праксата на американските ТВ-дебати ја презедоа и останатите демократии. Република Македонија е сиромашна за таквите јавни надмудрувања на најмочните носители на извршната власт. Единствено председателските кандидати во последните неколку изборни кругви ги исполнуваа таквите незадолжителни обврски. За секој граѓанин и гласач во режимите на либералната демократија , денес е речиси незамисливо да не се избегнуваат јавните соочувања на кандидатите
Фактор: Колку и како изборите во САД ќе бидат значајни за глобалната геополитика?
Ружин: Председателските изборни кампањи како и во останатите држави и во САД обилуваат со бројни нови идеји, ветувања, амбиции на председателските кандидати. Најголемиот дел од изборните ветувања често остануваа само список на желби или визионирани тенденции особено кога се работи за големите геополитички прашања. Сепак не треба да се заборави дека новоизбраниот американски председател е американски председател свесен за моќта на државата со која управува. Досегашните искуства покажуваат дека доколку во меѓународната заедница не се случуваат поголеми меѓународни стресови, надворешната политика на САД во принцип го подржува наследениот статус кво на својот претходник. Постојат настани во историјата како што се светските војни, агресиијата на Авганистан од страна на СССР, Унгарската револуција, Чешката пролет, војните на Далекиот или Блискиот Исток, Рушењето на Берлинскиот зид, распаѓањето на СФРИ,меѓународниот тероризам на Ал Каеда, џихадизмот, агресијата на Русија врз Крим кои го зголоемуваат интересот на американските гласачи за одредени глобани потези на САД во светот. И денес со настаните во Сирија, Ирак и Либан, во Украина или бегласката криза, американското јавно мислење покажува поголем интерес за меѓународната политика но со осетна задршка. Јасно е како што истакнува Ким Шатас, новинар на ББС дека американсците нема да гласаат за кландидатот кој детално ке објаснува како побрзо да се победи Исламската држава или да се подобрат односите со Кина, Јапонија и Русија. Во овие избори избирачите ке ги ценат општте визии на кандидадтите за надворешната политика на САД. Извесно е дека се ке се врти околу прашањето на САД во актуелната меѓународна организација како светски лидер.
Фактор: Што би значаела, што би донела победата на републиканците во однос на политиките кон Балканот, вклучително и Македонија?
Ружин: Доколку Хилари Клинтон биде избрана за Претседател на САД во однос на надворешната политика , во досегашната кампања одава импресија на лидер кој ќе настојува САД да бидат уште поодговорни и поприсутни на секаде во светот.Впрочем и во улога на Државен секретар на САД таа се вмеша во поголем број светски кризи особено на Блискиот Исток особено во Либија. Според експертот за надворешна политика Бартоломеј Курмон, Хилари Клинтон како председател на САД би се впишала во вредносниот континуитет на надворешната политика на нејзиниот сопруг Бил Клинтон, кога за САД зе зборуваше како светски жандарм. Г-ѓа Клинтон смета дека ексклузивната улога на САД е речиси месијанската улога на Вашингтон во светот. Затоа не е ни зачудувачки што за време на кампањата често беше придружувана од личности како Мадлен Олбрајт, некогашниот државен секретар на Бил Клинтон. Воедно иако значително ангажирана врз сите поголеми досиеа во светот, да не заборавиме дека Олбрајт ја издигна на ниво на морална обврска на САД да се меша во сите позначајни досиеа.
На тој начин, како секој американски председател кој се соочува со изборот меѓу доктрините на изолационизмот и интербенционизмот, Хилари се впишува во визијата на либералниот интернационализам, присутен во рамките на демократската партија уште од 1990, односно како бескомпромисен браните на западните вредности.Во оваа насока Х.Клинтон е за поголем интервенционизам отколку Обама,заговорник на меѓународната интелеигентна акција-smart power.
Според тоа, треба да се очекува поголема присутност на САД на Балканот, придавање поголемо значење на геоекономскиот и геополитичкиот ривалитет со Кина и Русија на Балканот и зголемување на проатланското значење на овој регион. Можно е за евентуалниот мандат на Хилари Клинтон, РМ се избутка да стане членка на Алијансата. Евидентно е дека за најголем сојузник на Балканот според администрацијата на Клинтон би биле Албанците на Западен Балкан во преден план Косоварите. Кога би се обиделе да а спуштиме сликата за Македонија во доктрината на Клинтон, сигурно е дека таа ке им даде предност на алатките за решавање на кризата во РМ, односно интензивирање на итните реформи во сите домени утврдени согласно групата експерти на ЕК на чело со Рајнхард Прибе, реализација на Договорот од Пржино што значи владеење на правото, битка против корупцијата, медиумска слобода, ефкасна улога на СЈО, создавање специјално судско оделение на СЈО, расчистување на аферите со корупција и организиран криминал, подобрување на меѓу-етнчките односи, како и односите со соседите особено со Атина.
Фактор: Што би значела победата на демократите во однос на политиките кон Македонија?
Ружин: Наспроти Клинтон, републиканскиот кандидат Доналд Трамп ги става под знак на прашање традиционалните линии на партијата особено во доменот на надворешната политика. Кога настојува да се изјасни за надворешната политика, Трамп го оценуваат како заговореник на нео-изалоционизмот, залагајки се за смалување на скапите ангажмани на САД особено одбранбените алијанси како НАТО. Тој на чудење на голем број аналитичари се изјаснува за еден необичен реалистички стил за да објасно дека неговата политика е во функција на слоганот Во преден план Америка, настојува да да создаде сабилност во светот. Неговиот неоизолационизам е вдлив во критиката на интервенционистичката политика која настојува со сила да ги шири американските вредности кои не се посакувани од страна на сите субјекти во светот. На тој начин ја отфрла клинтоновата интернационалистичка либерална и нео-конзервативна визија која создаде голем хаос во Ирак, Либија и Сирија и доведе до развитокот на радикалниот исламизам.
Според мислењето на Макс Бут, Д.Трамп е еден демагог, чија вулгарност, игнорирање и изнесените симпатии кон диктаторите представува голем ризик за САД. Од неговите настапи се деобива впечаток дека тој во одредени комплексни ситуации може да преземе брзи, непромислени, радикални потези. Истакнува дека во неговиот мандат САД ке прераснат во уште помоќна сила, ке ги смалел тензиите со Русија и Кина...
Во поглед на Западен Балкан, евидентно е дека Д.Трамп е мошне критичен кон исламскиот радикализам и воопшто кон муслиманите, и нема да смета на традиционалното сојузништво на Вашингтон со Косово. Неговиот интерес околу гео-економскиот и стратешкиот ривалитет со Русија и Кина на Балканот не е многу истакнат исто како и кон проширувањето на Алијансата, односно евентуалното членство на РМ во НАТО. Доколку биде избран за претседател на САД, Доналд Трамп е можно да го смали интересот за настаните на Балканот, иако неговата преубава сопруга потекнува од балканските протори. Тоа не значи дека САД преку ноќ ке станат индеферентни кон политичките процеси на Балканот, и реформите во битката против корупцијата, владеење на правото, СЈО и останатите реформи кои ги започнале државите аспиранти за членство во ЕУ и НАТО. Во таа насока може да се очекува Вашингтон и натму да игра значајна улога во Република Македонија. Битно е да не се заборави дека еден американски председател е секогаш американски претседател.
Фактор: Според ваши оценки и очекувања – кој ќе седне во Белата куќа?
Ружин: Ова прашање веројатно е мошне тешко со оглед дека по секси скандалите на Трамп и аферата со меиловите на Хилари, нивниоте шанси се целосно изедначени. Мое мислење е дека ке победи Хилари Клинтон од најмалку три причини: Таа би била првата жена-председател во САД по 44 американски председатели почнувајки од Џорџ Вашингтон од 1776. Познато е дека американците се нација што почитува ексклузивности. По двата мандата на првиот афро-американец Обама како претседател на САД, Америка ке посакува жена-претседател иако таа не е најсреќното решение. Второ, Обама и најголемиот дел на американската полиѕичка елита вклучувајки и добар дел од Републиканците не го подржуваат Трамп.Трето, Трамп е персонификација за радикализам и скандали, фалократ кого тешко го дижерира конзервативна Америка. Згора во бројните непријатни епитети најсочен е оној на Мадлен Олбрајт која буквално изјави: Постои еден израз кој го употребуваа Русите а кој гласи- да се биде полезен идиот за некого! Јас сметам дека Трамп и припаѓа на оваа категорија.
Колку и да се ниски елементите на оваа досега незабележена кампањата во САД , можни се и изненадувања. Доколку победи Трамп тоа ке биде големо изненадување, шок и експлозија. Доколку победи Хилари тао ке се смета за логичен след на работите.