26 Ноември, 2024
0.0626

ШТО ЌЕ НАСЛЕДИ АНДРЕЈ ЖЕРНОВСКИ ВО МЖ ИНФРАСТРУКТУРА - долг од 12 милиони евра и многу нови вработени

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2020

Добивај вести на Viber

Некои се веќе назначени, за други е распишан конкурс, трети со во зоната на шпекулациите, со помала или поголема извесност дека ќе бидат именувани на позициите. Директорската распределба е во тек, а медиумите ги откриваат имињата за тоа кој од партиските кадри - во која државна институција ќе ја добие раководната функција.

Сепак, се поставува прашањето - што добиваат во наследство многу од новите директори кои ќе се нафатат да управуваат со некои од буџетските корисници или претпријатија во државна сопственост.

За да дојдеме до појасна слика, ќе ни помогнат бројките на Министерството за финансии, за долговите на државните борчлии. Но и огласите што деновиве ги распишува Агенцијата за администрација за вработување во дел од државните установи.

На пример, што ќе има во „миразот“ новиот прв човек на МЖ Инфраструктура?

Дел од медиумите веќе објавија дека Андреј Жерновски, поранешниот заменик министер за надворешни работи ќе дојде на таа позиција. Оваа информација се уште не е потврдена, но упатени кругови брифираат дека поранешниот градоначалник на Центар има најголеми изгледи да седне во директорската фотеља во МЖ Инфраструктура, дотолку повеќе што има градежен факултет, што е компатибилно со таа позиција.

Но, новиот директор на МЖ Инфраструктура нема да има воопшто лесна работа. Тој ќе наследи долг од 12,4 милиони евра, колку што на крајот на септември прикажала МЖ Инфраструктура. На најновата листа на Финансии ова јавно претпријатие се најде на четвртото неславно место. Новиот директор ќе мора да се справува со големиот должнички товар на претпријатието за одржување на железничката инфраструктура.

А она што во последниве денови се случува во тоа јавно претпријатие, е што речиси секојднево се објавуваат огласи за нови вработувања. Само вчера Агенцијата за администрација распиша оглас за 15 извршители, меѓу кои има и внатрешен ревизор, сметководители, референти, помлади соработници, лица за односи со јавност и слично, со плати некаде меѓу 24 и 28 илјади денари.

Огласи за вработување имаше и во некои од претходните денови.

Во моментов се проценува дека во МЖ Инфраструктура има околу 1.000 вработени.

Долги години со ова претпријатие раководеше Ирфан Асани, кадар на ДУИ, а со „метлата“ лани тој настрада и на негово место дојде Фестим Халили, исто така кадровско решение предложено од “интегративците“. 

МЖ Инфраструктура е само еден од државните должници. Нивниот борч, според најновата листа на Финансии, е вкупно 307 милиони евра.

Први се МЖ Транспорт, чии долг се искачи на крајот на септември на близу 60 и пол милиони евра.

Веднаш по овој најголем должник е АД Македонски енергетски ресурси, со долг од 21,7 милиони евра, а трети се ЈП Колекторски систем Скопје, со долг од 13,4 милион и евра. 

По четвртата МЖ Инфраструктура, следува општина Тетово, со долг од 9,4 милиони евра, а шести е ЈП Водовод Куманово со 8 милиони евра задолженост. Седмата позиција е за општина Охрид со долг од 6,7 милиони евра, а ЈП Водовод и канализација Скопје е осмо со долг од 6,1 милиони евра. Деветта е ЈП МРТ Скопје со долг од исто приближно 6,1 милиони евра, а десетти се општина Карпош, со долг од 5,2 милиони евра.

Следуваат уште бројни државни борчлии, со доспеани, а неплатени обврски кон доверителите.

Најмногу должат јавните претпријатија и трговските друштва во државна сопственост, со долг од 119 милиони евра, а општините вкупно должат 64 милиони евра. Општинските јавни претпријатија, пак, имаат вкупна задолженост од 54,3 милиони евра.

Јавните здравствени установи, кои сега ја водат една од најтешките битки со пандемијата од ковид 19, достигнале долг од вкупно 48 милиони евра.

Додека, пак, нешто помал е износот на долг кај буџетските корисници од прва линија, поточно ресорните минитерства, со близу 13 милиони евра.

Нина Нинеска-Фиданоска

* Наградата се доделува на котирано друштво, избрано со гласање преку онлајн анкета на веб страниците на Берзата и интернет порталот „Фактор“, кој е партнер на Берзата во доделувањето на оваа награда. Гласањето се врши паралелно на двете веб страници и акцијата на издавачот што ќе има најмногу гласови од двете анкети збирно, ќе биде прогласена за Акцијата на годината по избор на јавноста за 2024 година.
Предмет на анкетата е листа од десет котирани акции, избрани врз основа на остварениот промет и транспарентноста во нивното работење.

Можеби ќе ве интересира

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

ДОЛАРОТ ОТФРЛЕН: Русија и Иран започнаа со меѓусебна трговија само со национални валути

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

РЕНОМИРАН ХОТЕЛ СЕ ШИРИ НА БАЛКАНОТ: Се отвара во четири земји, но не во Македонија

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Ова е велешкото економско чудо! Кој може и знае како да заработи 4,2 милиони евра за девет месеци од ивоз на конци и предива?

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

Доскорешниот генерален секретар на СДСМ, Миле Зечевиќ, станува претприемач

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

СЕ ВРАЌАЛА ДОВЕРБАТА НА ИЗВЕДУВАЧИТЕ КОН ИНВЕСТИТОРОТ: Трајановски кажа што сѐ се работело за да напредне работата на автопатот Кичево-Охрид

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

КОЈА Е РАЗЛИКАТА МЕЃУ ETIAS И ВИЗИТЕ: Еве што е подобро

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

ТРАМП ПОДГОТВУВА ЕНЕРГЕТСКИ УДАР! Зголемување на производството на нафта, забрзување на извозот на ЛНГ и укинување на регулативите за климата веднаш по преземањето на функцијата

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

„ЌЕ СЕ РАБОТИ 3,5 ДЕНА ВО НЕДЕЛАТА И ЌЕ СЕ ЖИВЕЕ 100 ГОДИНИ“: Шокантно предвидување на ЈП Морган

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво

ЈСП распиша тендер за набавка на гориво