16 Јануари, 2025
0.0327

Што ќе покаже масовната проценка на вредноста на становите?

Објавено во: Економија 17 Мај, 2013

Добивај вести на Viber

Со цел да се утврдат реалните цени на сите недвижности, Агенцијата за катастар ќе  изврши масовна проценка на нивната вредност, со што граѓаните на дневна основа ќе имаат информации колку вреди одреден стан, куќа, деловен простор или земјиште. Проектот за проценка на вредноста на недвижностите треба да биде готов најдоцна за две години, а истиот е предвиден со Законот за катастар на недвижности кој е веќе стапен на сила.Со масовната проценка, за прв пат граѓаните ќе имаат можност да дознаат која е вредноста  на становите во земјава, утврдена од државна институција. Државната берза на недвижности во корист на купувачите? На новата надлежност на Агенцијата за катастар за проценка на вредноста на недвижнините најмногу ќе и се израдуваат граѓаните, бидејќи тие пред да купат стан, ќе можат во Катастарот да ја проверат неговата вредност и да бидат на сигурно дека не се измамени. Досега во земјава, не постоеле утврдени цени на недвижнините на државно ниво, иако тоа е пракса во многу европски земји. Агенциите за недвижности се поделени во однос на новата надлежност на Агенцијата за катастар. Дел сметаат дека во земјава неопходно е формирање на институт кој ќе ги формира цените врз база на инвестицијата која е направена, но, за останатите, новите цени на Катастарот можат да предизвикуваат нарушување на пазарот на недвижности. „Катастарот ги евидентира недвижностите, но не може да знае како се движи нивната вредност а камоли да прави масовна проценка. За тоа се компетентни агенциите за недвижности и затоа би требало и ние да бидеме вклучени во оваа работа. Веќе во јавноста се зборува дека со таа проценка ќе се намалеле цените, меѓутоа они можат и 500 евра за метар квадратен да напишат но, едноставно не можат да ги диктираат цените на пазарот“, вели Донка Филиповска од агенцијата за недвижности Бастион. Според неа, погрешна слика за тоа колку вредат становите се добила и во време кога банките почнале со нивни проценители да одредуваат цени на недвижнините според градежната вредност, во услови кога градежните компании ги одредуваат цените според направените трошоци за градба. Филиповска тврди дека треба да се остави пазарот сам да си ги формира цените на недвижнините врз основа на понудата и побарувачката. Според неа, во моментот побарувачката на станови е драстично намалена, со стандарден пад, а во услови на зголемена понуда речиси извесно било дека ќе следи ново намалување на цените, тренд кој би се задржал до септември. Врз основа на цените на Катастарот ќе се утврдува и данокот на имот Законот за катастар на недвижнини предвидува, вредноста на недвижнините која катастарот ќе ја пресмета, да може да се земе предвид и при определување на износот на данокот на имот. Досега граѓаните најмногу реагираа на решенијата за плаќање на данок, тврдејќи дека нереално им се вреднуваат недвижностите. Во моментот, висината на данокот се одредува кога на утврдената пазарна вредност на недвижниот имот ќе се пресмета стапка на данок, чија висина ја утврдува советот на општината во која се наоѓа недвижноста. Со новиот закон, Агенцијата за катастар ќе утврдува индекс на вредноста на сите недвижнини по категории, преку кои ќе се следат промените на пазарот во државата. Индексот всушност ќе покажува дали пазарот на недвижности во државата расте или паѓа во ореден момент. С. Н.

Можеби ќе ве интересира

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

УШТЕ ЕДНА ЗЕМЈА САКА ДА ВЛЕЗЕ ВО БРИКС: Земја сојузник на Путин

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

„ДИЗЕЛАШИТЕ“ ИТНО НА БЕНЗИНСКА, ОД УТРЕ ЌЕ ПЛАЌААТ ПОВЕЌЕ ЗА ДВА ДЕНАРИ - нови цени на горивата од Регулаторна

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ЛИДЛ Е „НАЈДОБАР ВРАБОТУВАЧ“: „Вработените се во центарот на нашиот бизнис“ во Србија

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

ГЕРМАНСКАТА ЕКОНОМИЈА ВО РЕЦЕСИЈА - економските перформанси на земјата опаѓаат втора година по ред

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

М-Р АРИЈАНА КОСКАРОВА ВО „БИЗНИС-КЛУБ“: „ЗА ПРЕТПРИЕМНИШТВО ПОТРЕБНИ СЕ ИСКУСТВО ЗА РАЗВОЈ НА БИЗНИСОТ, ЕДУКАЦИЈА И ИНВЕСТИЦИЈА“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

ЌЕ СЕ БИЕ ТЕШКА БИТКА ЗА НАДЗОРНИОТ ОДБОР НА „МАКЕДОНИЈАТУРИСТ“ - ова се имињата предложени од М.Г. Фешн и „Промедика“, а свои луѓе бара и „Скопски пазар“

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

„ГОРДОСТА“ НА ГЕРМАНИЈА НА ПРОДАЖБА: Кинезите сакаат да ги купат фабриките на Фолксваген кои компанијата ги затвора

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

Скопска топилница по 13 години повторно почнува со работа? Ќар ќе имаат само локални и регионални бизнис играчи

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја

АРХИТЕКТОНСКО ЧУДО КОЕ ГО ИМПРЕСИОНИРА СВЕТОТ ВЕЌЕ 24 ГОДИНИ: Мост кој се претвора во подводен тунел и излегува во друга земја