Добивај вести на Viber
Измените на законот за превоз во патен сообраќај што се во собраниска процедура, а кои деновиве предизвикаа големо внимание во јавноста и нејаснотии околу такси превозот – ги седнаа на иста маса, министерот за транспорт и врски Миле Јанакиески, градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски и претставниците на авто-такси здруженијата.
Таксистите може да земат и остават патник каде сакаат
Таксистите можат да земат или остават патник на било кое место каде што ќе посака патникот, ова им било објаснето на претставниците на авто-такси здруженијата кои присуствувале на состанокот со ресорниот министер за транспорт и врски Миле јанакиески и градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски. Недоразбирањата се појавија по шпекулациите што излегоа во јавноста дека таксистите ќе може да земаат и оставаат патници само од такси стојалиштата, што предизвика револат и кај патниците и кај таксистите.По состанокот забубната е разјаснета велат за Фактор претставаниците на авто-такси здрженијата.
„Во законот точно ќе се дефинира дека само во случај кога такси-возилото е празно, без да има патници, без да има најавен повик дека треба да земе патник од некаде, само во тој случај такси возилото треба да стои на авто-такси стојалиште, обајснуваат од реорното министерство за транспорт и врски.
Сепак на состанокот такси превозниците побарале да се зголеми бројот на такси –стојалиштата, на што градоначалникот на Скопје, Коце Трајановски се обврзал дека тоа ќе го направи во следниот месец, но ќе биде во минимален број, а веќе наредната година Трајановски ветил дека ќе има повеќе такси-стојалишта.
На состанокот дебата се водело и околу казните и одземањето на лиценците во случај на прекршоци. Во однос на предложените санкции, било договорено казните во случај два пати да биде сторен истиот прекршок да се однесуваат на трајно одземање на извод од лиценцата за возилото со кое бил сторен прекршокот, а не на лиценцата на компанијата.
Кои прекршоци ќе се казнуваат со 500 евра?
Глоба во износ од 500 евра ќе му се изрече за прекршок на физичко или правно лице, ако врши јавен превоз, превоз за сопствени потреби слободен или посебен превоз на патници и такси превоз без лиценца и извод од лиценца. Истата казна ќе се изрече и ако врши такси превоз спротивно на условите пропишани од страна на советот на општината, односно на Советот на градот Скопје, но и доколку на инспекторот за патен сообраќај не му овозможи вршење на инспекциски надзор не му дава потребни известувања и не му ја стави на увид потребната документација.
Кои прекршоци ќе се казнуваат со 200 евра ?
Казни од 200 евра се предвидени за таксистите кои ќе се затекнат без исправен, пломбиран и баждарен таксиметар и фискален апарат. Истатата казна ќе се изрече и ако таксистот не го вклучи таксиметарот и цената на превозот не ја наплатува врз основа на износот утврден во таксиметарот. Казна од 200 евра може да заработи и таксистот кој на покривот на возилото со кое се врши автотакси превозот нема да има истакнат назив "ТАХ1“, но и доколку на видно место во возилото нема истакнато ценовник со утврдени тарифи и извод од лиценца.
Таксистите сакаат бесплатно да учат анлиски
За претставниците на асоцијациите на авто-такси превозници не било проблем, туку напротив било е придобивка тоа што ќе имаат бесплатни курсеви по англиски јазик. Разговаравме со министерот Јанакиески и градоначалникот Трајановски и за делот кој се однесува за англискииот јазик, и тука не гледам ништо спорно, особено што голем дел од такситите во земјава кои се од помладата генерација немаат проблем со основниот англси, а можам да кажам дека и постарите колеги таксистити, кои со години ја вршат таа професија знаат основен англиски, и не само англиски туку и други јазици. Така што секоја дополнителна едукација е добредојдена, особено кога таа не предизвикува никакви дополнителни трошоци за никој од нас, вели Сашо Рајчановски од здржението на таксисти.
Дека задолжителниот англиски бил едногласно прифатен од сите претставници на такси здрженијата потврдија и од министерството за транспорт и врски.
„ Претставниците на асоцијациите на авто-такси превозницидногласно ги прифатија одредбите за стекнување на сертификат за познавање на основно ниво на англиски јазик (ниво А1 според Заедничката европска рефентна рамка за јазици (CEFR) на Совет на Европа), преку обуки кои ќе бидат организирани од страна на Министерството за транспорт и врски и општините во Република Македонија, а сертификатот за превозниците ќе биде бесплатен, стои во соопштението од министерството за транспорт и врски.
Исто така, на состанокот беше договорено да се формира работна група за изготвување на измени и дополнувања на законската регулатива за да се овозможи воспоставување на сертификати за авто-такси возачи, што претставува пракса во некои земји, со цел поголема професионалност и одговорност на авто-такси возачите.
С.Н.