Што ќе се случува? Светската економија до 2020!
Објавено во: Анализа 07 Јануари, 2014 19:48
На фотографијата горе. Се претпоставува дека САД значително ќе го зголемат производството на природен гас и со тоа значително ќе ја намалат потребата за увоз од енергенси. Се претпоставува дека до 2016 година ќе станат нето извозници на течен гас.
Американците полека почнуваат повторно да трошат. Сепак иако сеуште процентот е мал може да забележиме дека се повеќе се купува преку интернет. Неминовно овој тренд ќе зема се поголем зафат во иднина.
Цените на храната. Посебно сензитивно прашања за Африка која увезува повеќе од 50% од храната која ја користи. Светот ќе има наскоро 9 милијарди жители. Кинезите се развиваат со рапидно темпо и 10% зголемување на нивниот животен стандард значи 12% зголемување на побарувачката на месо во светот. Големите климатски промени и непогоди, ја прават ситуацијата уште полоша. Храната е без дилема на агендата на работи на кои светот мора заеднички да работи.
Билансите на централните банки. Што ќе се прави со целата ликвидност: Клично монетарно прашање. Само Федералните резерви и ЕЦБ за четири години ги имаат напумпано своите биланси за неверојатни 4 трилиони долари. Светот веројатно не расте така како што очекуваат банкарите, но овие биланси кога тога ќе мора да почнат да се намалуваат.
Пазарот на обврзници. Во време на страв сите купуваат сигурни хартии. Погледнете го огромниот пад на приносот (предизвикан поради високата цена) на американските обврзници. Ова во моментов и одговара на земјата дека се рефинансира по ниски камати, но таа ситуација не може да трае вечно. Пазарите на обврзници тежат трилиони долари, секое нивно пореметување може да има голем импакт и на економијата генерално.
Повеќе пари, повеќе проблеми. Здравствената индустрија во Кина тежи 20 милијарди долари, само оваа декада ќе расте по 20% годишно. Кина до 2020 ќе биде втора земја во светот на овој на план.
Трендот на паметни телефони се чини дека само што започнува, иако делува дека дури и кај нас исто како во САД сме на пола пат. Без дилема овие телефони ќе ги заменат оние кои сега најмногу ги има во светот.
Рапидниот раст само го потврдува горниот графикон
Дали Африка ќе ги замени земјите од БРИКС?
Исто така едно од најзначајните прашања на новата декада. Гледате како полека но сигурно успеваат да го достигнат растот на петорката од БРИКС
Телевизијата не се дава, но интернет медиуми ќе зафаќаат се поголем дел од рекламниот колач.
Ова може да биде супер добра работа. Замислете додека одите некаде на одмор, по пат да може да јадете, читате, да гледате телевизија и слични активности. Веќе оваа година започнаа првите обиди, па така може да дојде време кога ќе возат само оние што сакаат.
Во меѓувреме Кинезите ќе купуваат автомобили….многу автомобили.
Редакција Фактор
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





