29 Март, 2024
0.0235

Анализа на станбените кредити во Македонија

Што, колку и со какви услови банките ги нудат станбените кредити

Објавено во: Анализа 10 Март, 2017

Добивај вести на Viber

Колку повеќе банки толку поразлична понуда за станбени кредити и сите се обидуваат да понудат некоја поволност за сопствениот производ. Она што е навистина корисно во изборот на најповолниот станбен кредит e да се внимава на каматната стапка, да се земат предвид поволностите кои ги нуди банката во која примате плата и истражете кои од банките нудат и друг вид олеснувања, како бесплатни административни трошоци и трошоци за одобрување, како и дали градежната компанија која го продава станот има склучено договор со некоја банка, кој би ви дал дополнителни бенефиции.

Во моментов, најниска каматна стапка за станбен кредит нуди СилкРоуд Банка, ЕУР 2,9% / МКД 3,9%фиксна непроменлива каматна стапка за првите три години, како и променлива каматна стапка од 5,85% во следните години, на клиенти кои платата ја примаат во оваа банка.

Познато е дека банкарските калкулации во создавање на што поповолна понуда се во доменот на каматната стапка или трошоците за одобрување. Со анализа на пазарот може да се увиди дека една од најповолните понуди е токму онаа на Силк Роуд Банка, со  2,9% ЕУР фиксна каматна стапка за првите три години и плус без надоместок за аплицирање, без трошоци за администрирање на кредитот и без трошоци за проценка на имот. Оваа понуда на Силк Роуд важи во промотивниот период за станбениот кредит односно до 31 март е моментално најповолниот станбен кредит во земјава. Склучените договори со најуспешните градежни компании што оваа банка ги обезбедува, уште повеќе ја олеснуваат процедурата за аплицирање за станбениот кредит.

Во целосната понуда за станбени кредити како извесна поволност се издвојуваат и проектите „Купи куќа, купи стан” и „Купи куќа за млади” - субвенционираните станбени кредити. Сите банки кои се дел од овој проект ги нудат истите услови - камата од 3,95% за првите три години и 4,44% за следните две години, со што по истекот на петтата година, банките го задржуваат правото да вршат корекција на каматната стапка согласно нивните интерни понуди за станбени кредити.

Последните години се бележи се поголема побарувачка на станбените кредити, што од една страна се должи на големата градежна експанзија во Скопје, но и во другите градови во Македонија и се подобрите услови за финансирање и рефинансирање на станбените кредити. Големата побарувачка за станбени кредити ги раздвижи и банките, кои континуирано ги прилагодуваат своите понуди и се борат за што поголем број клиенти преку конкурентни понуди и промотивни периоди.Како резултат на тоа се поголем број семејства се одлучуваат на овој чекор и се охрабруваат трајно да го решат станбеното прашање. 

комерцијален текст

Можеби ќе ве интересира

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот

ДОЈДЕ ПРОЛЕТТА, НО ЗИМА НЕМАШЕ - ДАЛИ Е ОВА НОВОТО НОРМАЛНО И ШТО НЕ ОЧЕКУВА ОВА ЛЕТО? Еве што велат метеоролозите од Балканот