29 Септември, 2024
0.0366

Што може да ја обедини Ирска?

Објавено во: Анализа 14 Јуни, 2015

Добивај вести на Viber

Ирците станаа првата држава во светот, која ги озакони истополовите бракови преку референдум. Тоа е неверојатен доказ за брзината на културната промена во земја каде што повеќе од 80% од граѓаните се идентификуваат како католици. Тоа е и охрабрувачки развој за хомосексуалците и лезбејките во сите земји: земјите со силно религиозно противење на хомосексуалноста може да се променат. Ирскиот референдум се одликува и по друга причина: дополнително го поткопува првичното оправдување поради кое протестантизмот мнозинството на север се оддели од католичкото мнозинство на југ. Во деценијата пред островот да биде поделен во 1920 година протестантите на север се закануваа да соберат оружје против британската влада, ако таа и ги обезбеди на Ирска истите права за самоуправа на кои многу Шкоти во моментов се бараат. Нивното спротивставување се корени претежно во фанатизмот, но и во одредени сомнежи. Многу од нив, слично на американските протестанти во исто време, веруваат дека не може да се има доверба на католичките политичари, бидејќи се зависни од папата и за Ирска "автономни одлуки значат решенија кои доаѓаат од Рим". Не грешат сосема. Основачите на Ирска како слободна држава создаваат квази-теократија базирајки ја на устав, кој се однесува на СветотоТројство, обезбедувајки и на католичката црква "посебно место", го забранува разводот и ги обесхрабрува жените да работат. Владата создава цензура, која потсетува на Ватикан, забранува книги и филмови. Купување и продавање на контрацептиви е нелегално. Вилијам Батлер Јејтс, кој припаѓа на семејството на ирски протестантски националисти со долга традиција, ги предвидува последиците: "Ако и покажете на оваа земја, јужна Ирска, дека ќе биде управувана само и исклучиво преку католички идеи, никогаш нема да го добиете Северот. Ќе создадете непроодна бариера меѓу Северот и Југот ". Токму така се и се случува. Гласањето е кулминација во резултат на голем број настани кои ефикасно ја завршија оваа традиција. "Специјалното место" на католичката црква беше укинато од уставот пред речиси 40 години. Контрацепцијата е легална од 1980 година, а разводите - од 1996 година. Книгите пред определени за непристојни, веќе не се забранети. Абортусите остануваат илегални, но законите веќе не се толку строги а постапката веќе е дозволена за жените со ризик за животот. Дури црквата се менува - некои од католичките свештеници најавија дека ќе гласаат со "да" на референдумот. Всушност веќе не е претерување да се каже дека ирските закони се ослободени од верски пресврт во споредба со оние во Северна Ирска, која е единствената во Велика Британија, каде истополовите бракови се забранети. Водечката националистичка (и главно католичка) партија, Шин Фејн, се обиде да ги легализира во 2013 година, но не успеа да ја надмине опозицијата на две големи протестантски партии. Дебатата таму ја одразуваше целосно таа во САД, каде евангелистичките протестанти ја обликуваат поголемиот дел од опозицијата против истополовите бракови. И како и во САД, можеби судовите ќе бидат оние кои ќе ја принудат Владата да ги признае браковите. Секако, има слаб јавен интерес и од двете страни на границата дури само кон дискусија на ирско обединување имајки в предвид сврзување со насилство и малата веројатност тоа да се случи во блиска иднина. На краток рок референдумот може да го зајакне спротивставувањето на обединета Ирска, ако тоа е можно. Но ако линијата која ги дели северот од југот некогаш биде избришан и ако протестантскиот национализам на Јејтс некогаш се обнови, една ирско влада, ангажирана со световна еднаквост и строга поделба на црквата од државата е неопходен предуслов - и тоа таква што ќе помогне референдумот да се постигне. К.К.