19 Декември, 2025
0.0449

Што најави новиот претседател на УО на НЛБ Тутунска Банка Аргир?

Објавено во: Економија 29 Октомври, 2015 12:52

Добивај вести на Viber

Од нова година на чело на Управниот одбор на НЛБ Тутунска банка, како што веќе фактор објави, ќе застане Антонио Аргир член на Управниот одбор на Банката и долгогодишен директор на Деловната мрежа.

Од менаџментот на Банката вчера ја соопштија оваа информација а досегашниот претседател Ѓорѓи Јанчевски кој после 30 години успешна работа заминува во пензија искажа задоволство од создадената успешна приказна во текот на изминативе години.

Јанчевски порача дека Банката ја остава во сигурни раце и човек кој израснал во истата, па оттаму рече дека нема потреба да се грижи за иднината на банката и добриот правец на развој кој ќе го покаже неговиот наследник.

Аргир кој ја презеде лидерската палка во НЛБ Тутунска банка изрази благодарност до директорот Ѓорѓи Јанчевски и Јанко Медја за искажажаната доверба и предавање на кормилото на управување во негови раце.

„Да се биде на челната позиција на НЛБ Тутунска банка која е една од најуспешните банкарски институции во земјава секако е предизвик. За мене предизвикот е и храна и мотивација да бидеме уште подобри“, изјави новиот претседател на Управниот одбор Антонио Аргир .

Тој на брифинот со медиумите најави продолжување на досегашната успешна работа на Банката со нова амбициозна стратегија во следните пет години.

„Одговорно и тимски ќе го продолжиме патот кон градење на нашата успешна приказна и она што досега го постигнавме. Ќе бидеме фокусирани  на воведување на современи услуги прилагодени на новите генерации, а ќе продолжиме и со соработка со физичките лица, малите и средни претпријатија. Дел од работата ќе посветиме на дигитализирање на начинот на работењето, мобилно банкарство до клиентите не само во делот на он лајн плаќањето туку и за советодавни и канали за комуникација со клиентите“, порача Аргир.

Тој се осврна и на новата наградна игра која ја организира НЛБ Тутунска банка и која трае од 15.10.2015 до 15.11.2015 година.

Се што треба да направите е да плаќате со  Вашите НЛБ MasterCard картички (MasterCard Contactless, MasterCard Standard, MasterCard Light и MasterCard Gold) и учествувате во големата наградна игра

Направете трансакција на ПОС терминал во било кое продажно место во земјата или e - commerce (плаќање преку интернет само на македонските веб портали) на износ од минимум 500 мкд и станете потенцијале добитник на :

  • Дневни награди: 42 парични награди* од 3.000 мкд и 42 парични награди* од 5.000 мкд
  • Неделни награди: 10 парични награди* од 10.000 мкд и 5 парични награди* од 30.000 мкд
  • Главна награда: автомобил Mitsubishi ASX

Аплицирајте за НЛБ MasterCard кредитните картички или MasterCard Contactless картичката за времетраење на наградната игра без членарина за првата година на користење.

Прочитајте и за овие стории:

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/29/antonio-argir-ja-prezede-liderskata-palka-vo-nlb-tutunska-banka/" target="blank" ]Антонио Аргир ја презеде лидерската палка во НЛБ Тутунска банка[/button]

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/29/nlb-tutunska-banka-vo-kar-13-milioni-evra-4-5-milioni-evra-poveke-od-lani/" target="blank" ]„НЛБ Тутунска банка“ во ќар 13 милиони евра, 4,5 милиони евра повеќе од лани![/button]

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/16/nlb-tutunska-banka-so-nov-kartichen-produkt-debit-mastercard-contactless-kartichka/" target="blank" ]НЛБ Тутунска банка со нов картичен продукт Debit MasterCard Contactless картичка[/button]

[button color="orange" size="medium" link="http://faktor.mk/2015/10/08/faktor-istrazhuva-koi-se-najdobro-plateni-bankarski-sluzhbenitsi-vo-makedonija/" target="blank" ]„Фактор“ истражува: Кои се најдобро платени банкарски службеници во Македонија?[/button]

Можеби ќе ве интересира

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Во кои европски земји најмногу поскапе млекото?

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

Еве како изгледаат владини станови за млади луѓе од 21 квадратен метар во Холандија: Чинат 45.000 евра

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

„Нашата цел е да привлечеме компании кои носат знаење, современи технологии и квалитетни работни места“: Димовски од ТИРЗ до менаџментот на Philips

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

ДЗР: Застарени предмети и неуплатени средства во буџетот на државата, ИТ напади и повеќе неправилности во работењето на Министерството за економија и труд

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии

Хрватска повлекува храна за бебиња: Аптамилот има поголемо присуство на бактерии