05 Декември, 2025
0.0501

ШТО НАПРАВИ МАДОНА ШТО ТОЛКУ ЈА ЗГРОЗИ ЈАВНОСТА? Експертите велат дека претерала

Објавено во: Стил 11 Февруари, 2023 10:00

Добивај вести на Viber

Појавувањето на Мадона на неодамнешното доделување на наградите Греми покрена многу прашања.

Таа е една од најпознатите везди во светот, но кога се појави на сцената, многу корисници на социјалните мрежи не можеа а да не се запрашаат што всушност се случило со нејзиното лице.

Многумина се прашуваа дали 64-годишната пејачка отиде предалеку под ножот, а „Дејли мејл“ ги пренесува мислењата на пластичните хирурзи кои ги споделија своите верувања дека новото лице на Мадона е резултат на филери и ботокс, како и кревање на лицето и операции на носот.

Д-р Мајкл Хорн, пластичен хирург од Чикаго, верува дека Мадона неодамна посетила пластичен хирург.

Тој верува дека таа не само што го затегнала лицето, што е многу очигледно, туку и го оперирала носот.

– Во последните неколку години, Мадона правеше низа пластични операции – вели доктор Хорн.

- Таа отиде на лифтинг на лицето, тоа е очигледно бидејќи нејзината кожа е затегната и без брчки. Нејзините очи изгледаат помали, веројатно поради влечењето на кожата при затегнување - објаснува понатаму.

Мадона порано имаше природен нос кој и одговараше на нејзиното лице, но оваа нова верзија има позашилен врв и изгледа премногу тесен.

- Исто така, очигледна е употребата на ботокс на многу делови од нејзиното лице и отсуството на изразени брчки, како и нејзините минимални движења на лицето за време на говорот - истакнува хирургот.

- Она што најмногу се забележува е драстичната промена на обликот на нејзиното лице.

Хирургот тврди дека со текот на времето користела премногу филери кои и давале на лицето пополн изглед со тоа што ја одземала природната коскена структура што ја имала некогаш.

Исто така, јаболчниците и се поистакнати и изгледаат неприродно високо - додава докторот и ја посочува промената на дебелината на веѓите и линијата на косата, сугерирајќи дека можеби нешто направила на овие места.

- Изгледа дека направи и подигнување на веѓите, што е уште позабележително поради нејзините тенки веѓи кои претходно беа дебели - заклучува хирургот.

ФОТО: Машки магазин

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва: