05 Декември, 2025
0.0339

Што не чека во 2040?

Објавено во: Анализа 26 Август, 2013 08:45

Добивај вести на Viber

Агенцијата за Енергетско информирање е една од најголемите институции во САД кои се финасирани од државата и кои се едни од најголемите истражувачки центри. Токму затоа слајдовите кои подоле ќе ви ги презентираме може да бидат доста релеватни за она што не очекува во иднина, поточно за триесетина години

Основните заклучоци се следниве: -Нафтата ќе станува гориво кое постепено ќе се намалува како дел од вкупните горива кои се користат во светот -Јагленот останува, ќе биде второто најкористено гориво и во наредните декади -Цените на нафтата никој нема поим какви ќе бидат, веројатно ќе бидат и ненормално високи и смешно ефтини, а понекогаш и разумни Погледнете... Нафтата ќе биде доминантно гориво (заедно со биогоривата), но тој процент значително ќе се намалува. Со оглед на тоа што и јагленот, плинот,нуклеарната енергија остануваат исти, ова намалување ќе се должи најмногу на обновливите извори на енергија. Нуклеарната енергија изгледа ќе биде тука и како што гледате освен Јапонија, ниту една земја нема намера да го намалува бројот на гигавати кои произведуваат ваква енергија. Како и за многу работи во светот и на ова поле најголемо влијание во зголемувањето ќе има Кина која планира рапиден пораст  во производството на ваквата енергија. Потрошувачката на гас, исто така ќе се зголемува и тоа доста. Ова гориво можеби е мостот до зелена енергија. Значи не загадува така како нафтата и не е зелен како сонцето, па така неговото користење ќе значи помало загадување за планетата, барем додека се најде начин како зелената енергија да стане исплатлива. Струја и после три декади според ова истражување најмногу ќе се добива од јаглен. И тоа повеќе од една третина од целата произведена струја ќе биде од јаглен. И за крај како што кажавме, нафтата може да има разни цени. И разликите во проекциите се така големи, што може да не доведе до заклучок дека движењето и резултатите од различните цени може да предизвикаат различни сценарија за светската економија. Редакција Фактор

* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:

Можеби ќе ве интересира

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени

СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени