28 Април, 2024
0.0255

Што откри случајот со катната кај Бисер: Државата градела гаражи за 4.500 евра за квадрат, приватните инвеститори за 450 евра

Објавено во: Економија 09 Ноември, 2018

Добивај вести на Viber

Наместо да се грижи за инвеститорите и да поттикнува нови вложувања, државата се обидува да им го отежни работењето, тврдат од градежната компанија Илинден која ја изгуби катната гаража во скопската населба Аеродром. Објектот кој е изграден пред осум години остана на Комерцијална банка каде инвеститорот ја ставил под хипотека уште кога се задолжувал за да ја изгради. Сега банката ја продава, ама тешко наоѓа заинтересирани купувачи, оти како што велат од Илинден, бизнисот не е рентабилен. Фактор објави пред една недела дека оваа гаража е ставена на продажба, без извесност за иднината. Додека беше на власт претходната владеачка гарнитура, се изградија повеќе катни гаражи во центарот на Скопје. Дел се и од проектот Скопје 2014, а чинеа по неколку десетици милиони евра. Од Илинден велат дека нивниот објект е еден од ретките кои ги задоволува сите стандарди и е комплетно приватна инвестиција. Тврдат дека е лошо што им се наметнувале услови за работа кој само им го отежнувале бизнисот.

„Откако ја изградивме година ипол не се ставаше во употреба и покрај тоа што беше поминат технички прием. Дополнително плативме уште 250.000 евра комуналии за да го легализираат. После општината даде во првата година бесплатен паркинг од околу. Потоа со одлука на Град Скопје се донесе одлука 10 отсто од прометот на гаражата да оди на град Скопје. Тоа е мерка надвор од сите економски случувања. Значи се редеа одлуки кои не ни одеа во прилог и не ги остваривме целите. А целата инвестиција е на Илинден. Освен тоа годишниот закуп на земјиштето беше 70.000 евра. Кога го склучивме договоорт беше нагласено дека земјиштето ќе може да се откупи, но тоа не се случи иако се продаваат земјишта за едно евро по квадратен метар. Не  можевме да ги сервисираме трошоците и се активираше хипотеката, вели Андреја Ошавков, АДГ Илинден.

Компанијата со која тој раководеше долги години во овој објект има инвестирано 4,9 милиони евра заедно со концесијата. Сепак, како што вели, дел од другите гаражи кои се инвестиции на општини или на државата чинеле многу поскапо.

„Разликата во инвестицијата е едно што финансирала држава, друго финансирале акционерски друштва или приватни инвеститори. 4.500 евра квадрат чини гаражата кај Пошта, а ова е 450 евра со трошоците на земјиште, вели Ошавков.

Креатор на гаражата кај Бисер е реномираното ателје Ајвар.

„ Согласно ДУП, гаражата има приземје и 4 ката и исклучиво е наменета за паркирање. Седум метри е разликата меѓу возилата,  акатната висина е 2,55 метри од кои 2,25 метри е висина за паркирање. Во гаражата има пожарен систем на гасење, сензори, има систем за извлекување на издувни гасови, простор за перење, агрегат кој чини 250.000 евра, вели Ранчо Христов од Ателје Ајвар.

Според него ова е едно од најдобрите решенија за катна гаража, ама за жал сега е оставена без неизвесна иднина.

Минатата власт изгради и други катни гаражи од кои повеќето не функционираат.

Фактор веќе објави дека Комерцијална банка ја нуди на продажба оваа катна гаража во близина на трговскиот центар Бисер. Станува збор за објект со вкупна површина од 11.743 квадратни метри, а продажната цена на 231 милион денари или над 3,8 милиони евра.

„Банката се стекна со сопственост на недвижниот имот – катана гаража врз основа на наплата од ненаплатени побарувања со Заклучок за извршна продажба на недвижност од извршител Христо Јованов. Недвижниот имот превземен со наплата на ненаплатени побарувања може да се купи или во готово или со кредит од Банката“, велат од Комерцијална банка.

А.Т.


Можеби ќе ве интересира

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

ЕДЕН ОД НАЈГОЛЕМИТЕ ТРГОВСКИ СИНЏИРИ ВО ЕВРОПА Е ПРЕД БАНКРОТ: Се затвораат 16 стоковни куќи, 1.400 работници остануваат без работа

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

НАЦИОНАЛНО БИРО ЗА ОСИГУРУВАЊЕ: Цената на авто осигурувањето е непроменета од 2008 година, реално е покачувањето

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

ВО ГЕРМАНИЈА СЀ ПОВЕЌЕ СЕ ЧУВСТВУВААТ ПОСЛЕДИЦИТЕ ОД КРИЗАТА: Пристигна загрижувачка оценка

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

CGTN-GLOBAL SOUTH VOICES: „Прекумерен капацитет или страв од подемот на Кина?“

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

ПОРАЗИТЕЛНО: Приближно 70 отсто од фабриките во Русија се соочуваат со недостиг на работници

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

Бугарскиот „Флекс Кредит“ ќе врти кај должници и ќе бара наплата за компании

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

„Алкалоид“ добитник на „Патент на годината за 2023“ за иновативниот „Омепразол“ во течна форма

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Трендафилов: Газдите пријавуваа исчезнување на Непалките зошто им го платија патот до тука

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност

Кина има за цел да склучи повеќе договори за слободна трговија, ветувајќи зголемена отвореност