19 Декември, 2025
0.0864

Што понатаму?

Објавено во: Економија 14 Јули, 2016 11:53

Добивај вести на Viber

 Претпоставките на поголемиот дел од аналитичарите за втората половина од годината одеа во насока дека несигурноста на берзите малку ќе се стабилизира. Меѓутоа, се случи сосема спротивното. Неколку дена пред озлогласениот британски референдум, никој како да не веруваше дека граѓаните би изгласале повлекување од ЕУ. Неочекуваното сепак се случи, а тоа силно се одрази и на берзанските движења. Недела дена подоцна, дел од акциите ги надоместија реализираните загуби, меѓутоа британската фунта остана 10% послаба во однос на нејзиниот курс пред референдумот. Во моментов се смета дека во годините кои претстојат британските политика и економија ќе доживеат драстични промени, кои од денешна гледна точка не би можеле во целост да се предвидат. За почеток, потребна им е нова влада која ќе го спроведе во пракса БРЕГЗИТ-от и ќе започне дополнителни преговори со ЕУ. И покрај тоа што победата на поддржувачите на излезот не беше многу убедлива, волјата на мнозинството најверојатно ќе биде испочитувана, иако постои можност референдумот да се повтори или резултатите од него воопшто да не се прифатат. До есенва не се очекуваат големи новости на фронтот помеѓу ЕУ и Британија, меѓутоа ќе се води постојан политички дијалог.  Во следниве години над Велика Британија ќе остане надвисната сенката на несигурноста. Економскиот раст ќе се намали, инфлацијата ќе порасне, а исходот од  преговорите со ЕУ ќе одреди во колкава мера сето тоа ќе биде изразено. Слабиот раст ќе се одрази негативно и на земјите извознички кон Велика Британија. Во рамките на ЕУ најголеми извозници кон Британија се Белгија, Холандија и Ирска, и тоа во рамките на 7 до 8 % од својот БДП. Покрај сето ова, се смета дека во моментов економската состојба на ЕУ не е загрозена. Растот од 2,2 % на годишно ниво, остварен во првиот квартал, делува достижно и во блиска иднина. Дури и податоците за невработеноста и инвестициите во последниот период прикажуваат оптимистичка слика. Губење на време, како од политички, така и од економски аспект е нешто што европските компании не смеат да си го дозволат, бидејќи конкуренцијата, и од Исток и од Запад, не се соочува со вакви проблеми, што ѝ дава несомнена предност. Во глобализираниот свет, конкуренцијата е постојано активна, па губењето време на непродуктивни спорови брзо ќе ја влоши крвната слика на економијата. По објавените релултати од референдумот, акциите на европските компании изгубија дополнителни 5 процентни поени во однос на американските и 8 процентни поени во споредба со пазарите во развој. Понатамошното нарушување на довербата во ЕУ би можело уште повеќе да ги зголеми овие разлики. Сепак, се очекува ова црно сценарио да не се реализира, па летните месеци на берзите да поминат  помирно. Клучни остануваат прашањата до каде се САД во економскиот циклус и дали Кина ќе успее да се справи со своите предизвици. А дека американските и кинеските компании се во добра кондиција може да се воочи и преку уделите на инвестициските фондови КД ТОП БРЕНДОВИ и КД БРИК, чија цена буквално галопира нагоре во последните две седмици. Првата половина од оваа година беше доста комплексна, таква најверојатно ќе остане и втората. Наесен ги очекуваме и претседателските изборите во САД кои ќе повлечат огромно медиумско внимание. Сето ова влијае на приносите на хартиите од вредност, кои годинава најверојатно нема да бидат на високо ниво. Засега поголемиот дел од нив сеуште се во минус. Меѓутоа, старото добро инвестициско правило вели дека токму во вакви неизвесни периоди, кога сите се во грч и се повлекуваат од берзите, се кријат најголемите можности за солидна заработка. Со други зборови – би сакале ли да се однесувате поинаку од толпата? Во тоа сигурно можат да помогнат професионалците од КД Фондови, чии совети можат да Ви станат достапни доколку им се обратите за консултација. Бидете за промена малку проактивни и направете чекор кон новите можности.

Можеби ќе ве интересира

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

НА ЕУ И НЕДОСТАСУВААТ МЕНАЏЕРИ ЗА ПРОДАЖБА, МАРКЕТИНГ И РАЗВОЈ: Оваа професија има незадоволена побарувачка

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

Запленетите акции на Сашо Мијалков во Алта банка ставени на продажба

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

ЕВЕ КОИ ЛИЦА ЌЕ БИДАТ ДЕЛ ОД УО НА ЦЕНТРАЛНА КООПЕРАТИВНА БАНКА - добиена е согласност од Народна банка

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

Крај на една ера: Легендарниот дизајнерски шеф на Mercedes-Benz ја напушта компанијата

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

ОД ДЕНЕС НОВИ ЦЕНИ НА ГОРИВАТА: РКЕ вчера ги соопшти деталите

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Во која земја од ЕУ храната е најевтина?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Словенија ќе го зголеми минималецот - колку ќе изнесува?

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Хрватска ги заострува условите за вработување странци

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар

Култура со голем потенцијал - заработката е до 20.000 евра по хектар