Што постигна Заев пред Генералното собрание на ОН?
Објавено во: Анализа 24 Септември, 2017 07:41
Вук Јеремиќ го нарече македонскиот премиер Зоран Заев главна ѕвезда на Генералното Собрание на Обединетите нации, но оваа изјава не би ја земал како огромен и искрен комплимент за лидерот на СДСМ, туку повеќе како стрела насочена кон неговиот политички ривал Александар Вучиќ кој стана претседател на Србија. Јеремиќ кој е сега дел од српската опозиција сосема очекувано е да го критикува настапот на Србија во Обединетите нации во период кога косовската дипломатија преку лобирање се повеќе се засилува и наоѓа на нови партнери и сојузни иако прашањето за влез најпрво во УНЕСКП се уште нема добиено голема политичка волја.

Заев во својот говор пред Генералното Собрание десетина пати го спомена одржливиот развој како главна основа за визијата за напредок во периодот што следи и дека Република Македонија и светските сојузници треба да почнат да размислуваат долгорочно за подобри резултати.
Премиерот Заев не одржа срцепарателен говор зошто Македонија со децении е обесправена и блокирана од Грција во спорот со името туку побара пријателство и решавање на спорот со дипломатски средства.
Тоа што Заев не заборави да го потенцира на два пати е справувањето со тешката политичка криза во Македонија која по „Крвавиот четврток“ во македонското собрание прерасна и во светска вест со огромен ангажман на меѓународната заедница. Според премиерот клучно била желбата за мир и заеднички решенија, како и потребата од владеење на правото и почитување на човековите права.
Заев упати и поддршка кон големиот сојузник САД преку разбирање за проблемот со Северна Кореја и нејзината нуклеарна програма што од димпломатски аспект е одличен потег. Исто така Заев даде уверување дека ќе гради политика на добри односи со сите соседи како и сојузници.
Момент кој најмногу може да се истакне од говорот на Заев е пораката дека „Светот може да биде многу бучно место, но најважните работи во светот можат да бидат многу тивки“ што суптилно укажува дека проблемите мора подобро да се препознаат и да не се игнорираат пред да биде предоцна како со демократските предизвици, безбедносните ризици и заканата од климатските промени кои секого го погодуваат.
Автор: Христијан Станоевиќ
* Македонска берза и оваа година во соработка со Фактор доделува повеќе награди во различни категории за „Акција на годината“ при тргувањето со хартии од вредност.
Еден од критериумите за доделување на признанијата ќе биде и мислењето на јавноста. Гласањето ќе се одвива до 12 декември, а предвиден термин за доделувањето на самите награди е 23 декември.
Од таму, може да гласате за едно од следните котирани друштва:
Можеби ќе ве интересира
КАМЕРИТЕ СЕ БОЈАТ, КРШАТ, КРАДАТ И ФРЛААТ ВО РЕКИ: Еве како поминале камерите на Сејф сити во земјите низ Европа и на Балканот
СДСМ се „пере“ од Груевски – Се враќа ли опозицијата на „антирежимските“ корени





