28 Септември, 2024
0.0249

Што сакаат туристите?

Објавено во: Анализа 10 Јуни, 2014

Добивај вести на Viber

Љубопитен тренд во однос на продажбата на соби регистрираат сопствениците на хотели. Цените остануваат најзначајниот фактор за клиентите, иако се повеќе туристи се одлучуваат за собите, предпочитајќи ги другите нешта. А колку е важна лојалноста кон брендот? Сè помалку на туристите им е гајле за неа! Ричард Соломонс, извршен директор на InterContinental Hotels Group, се однесува кон тоа како кон разбирање на "корисничкиот жаргон". Замислете си колку често гледате цени во рекламите на Google Play и iPad на Apple. Одговорот е "речиси никогаш". "Тие ретко зборуваат за цени", посочува Соломонс, коментирајќи ги успешните брендови. Според него, тие зборуваат најмногу за потребите и можностите. Хотелите полека почнуваат да се борат со начините, на кои локациите и поводот се докажуваат како поважни од лојалноста за повеќето патници. Ова важи пред сè за младите туристи, кои веќе не се заинтересирани за брендирање на земјата, наведува Џим Еибрахамсон, извршен директор на Interstate Hotels and Resorts - една од најголемите компании за управување со хотели. Според него клиентите обрнуваат повеќе внимание на искуството и на местото на кое се наоѓа хотелот. Еибрахамсон додава дека за многу луѓе "доживувањето" е поважно од цената. Дополнителните 20-30 долари веќе не се релевантни. Релативната индиферентност на патниците, кога станува збор за најголемите хотелски брендови, ги притиска големите синџири да создаваат нови брендови. Во оваа недела Hilton Worldwide објави нов синџир хотели, наречена Curio Collection. Таа е формирана за туристи кои сакаат да се запознаат со местото и да добијат автентично искуство. Еден од првите хотели на ланецот ќе е SLS Las Vegas Hotel & Casino, кој ќе биде издигнат на местото на поранешниот Sahara Hotel. Тоа "намигнување" кон бутик приод пак дополнително го охрабри Mariott International да ги претстави хотелите од синџирот Autograph Collection, кој во моментов располага со 62 имоти. K.K.